ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Осуда за говорот на омразата и дивеењето на партиските антидемократски солдатески

Со говор на омраза, навредливи и клеветнички изрази, група партиски ботови и оведочени пропагандисти блиски на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се нафрлија на Петрит Сарачини, кој ја отвори Конференцијата на ЦИВИЛ „Меѓу стремежите и реалноста“ што се одржа во петокот, на 29 ноември. Крајно време е да побараме осуда и санкции за говорот на омразата во овој и сите други случаи на неприфатливо однесување во јавната комуникација.

December 1, 2019 13:53
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Профилот Фортификација е еден од најагилните на Твитер кој постојано шири партиска пропаганда за ВМРО-ДПМНЕ и црна пропаганда со која се оцрнуваат политичките неистомисленици. Тој профил вчера објави обработено видео од говорот на Петрит Сарачини кој ја отвори Конференцијата на ЦИВИЛ „Меѓу стремежите и реалноста“ што се одржа во петокот, на 29 ноември. Конференцијата, на која учествуваа Претседателот Стево Пендаровски и низа истакнати јавни личности, експерти и лидери на граѓанското општество е дел од настаните со кои се промовираат човековите права и слободи, а воедно се одбележува и 20-годишнината од основањето на ЦИВИЛ.

Обработеното видео се фокусира на рацете на Сарачини, а со објавата на Твитер се упатува серија навреди и инсинуации на негова адреса. Истата објава ја поддржуваат и коментираат и пратеникот Антонијо Милошоски и Александар Даштевски од Антидискриминациската комисија. Објавата понатаму се споделува и коментира од анонимни профили блиски до пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. Коментарите се полни со навреди и говор на омраза, давање дијагнози, исмевање и нарушување на елементарното човеково достоинство.

Како и секогаш порано, така и сега, ЦИВИЛ остро го осудува говорот на омразата насочен против истакнати активисти за човекови права и слободи, каков што е и Петрит Сарачини, инаку познат и како мултимедијален уметник, новинар, колумнист и експерт за медиуми.

Говорот на омразата, клеветите, навредите, вулгарноста и лагите веќе со децении се главна одлика на секојдневното, агресивно дејствување на партиските солдати на споменатата партија и сите што се во нејзината орбита.

Сепак, постојат и промени во однесувањето. Во изминатите три години се нотира и интензивирано вклучување и на највисоките партиски функционери во продукцијата на лажни вести и говор на омраза.

Во очигледно синхронизираниот напад врз Сарачини во споменатата хајка, овој пат, се вклучи и претседателот на Државната комисија за спречување на дискриминацијата, Александар Даштевски, чиј мандат е истечен, но не е јасно дали сѐ уште ја окупира таа позиција или не.

Оваа комуникација на Твитер може да се најде на овој ЛИНК.

Меѓу лајкувачите на грдите напади се наоѓа и Антонијо Милошоски кој на Твитер се претставува како Antonio Macedonian (Антонио Македонски).

Скандал од прв ред е вклучувањето на Даштевски, екс-претседател на државна институција чија мисија е антидискриминацијата, во хајка полна со омраза и клеветништво. Срамно е за институцијата што ја водел, срамно е за образовните институции во кои бил, срамно е за издавачите што му објавувале трудови. Исто како што е срамно за Антонијо Милошоски да го валка дигнитетот на Собранието на Република Северна Македонија со своето недолично однесување, со пласирање на лажни вести и ширење на говорот на омразата.

Даштевски во својата јавна онлајн комуникација со нападнатиот Сарачини се обидува да ја спинува ситуацијата и да најде оправдание за своите постапки, а во еден момент дури и да се прикаже самиот како жртва. Но, фактите се на увид на јавноста, а во својот одговор, Сарачини смирено и аргументирано, иако остро, му укажува на неговата функција и општествена позиција.

Крајно неприфатливо е јавни личности и функционери што се платени од парите на граѓанките и граѓаните, да дејствуваат на ваков начин, спротивно на јавниот интерес, демократските стандарди и законите, небаре се маалски хулигани.

Во името на ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи, формирана и водена од македонски граѓанки и граѓани, ја повикувам јавноста и институциите да ја осудат и да ја санкционираат оваа долгогодишна практика на партиските антидемократски солдатески. Крајно време е да му се стави крај на оваа дивеење.

Џабир Дерала
ЦИВИЛ

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk