Со големо задоволство објавуваме дека по 40 години постоење на летната тераса од Домот на младите ќе биде реконструирана и проширена со нови активности како мултифункционална средина за младите затоа што овој Дом го заслужува тоа и е Дом на многу генарации, напишаа од официјалната Фејсбук страна на Домот на млади од Штип на Фејсбук.
„Благодарност на Општина Штип и Источно планскиот регион за препознатата потреба за нови вложувања во културата и младите! Според Ангелова, без некој посебен редослед интересен е заедничкиот проект за Штип и Кочани кои треба да добијат осмислени паркови кои ќе понудат можности за рекреација и престој. Двата парка ќе бидат пристапни и за лица со посебни потреби. Во Кочани паркот е покрај самото речно корито, а во Штип ќе биде во состав на Домот на младите. Планирано е да има партертно уредување, ќе има базен и простор за качување по карпи”, стои во Фејсбук објавата.







