ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Околу 200 илјади граѓани во земјава имаат бубрежно заболување, се одбележува Светскиот ден на бубрегот

March 11, 2021 08:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 200 илјади граѓани во земјава имаат некоја форма на бубрежно заболување, а на дијализа одат 1.600 пациенти во 23-те центри низ државата.

Дијализата е најчесто застапениот метод во земјава за третирање на крајниот стадиум на бубрежната болест кога двата бубрега повеќе не можат да ја извршуваат функцијата. Пациентите поминуваат од 4 до 5 часа за да им се прочисти крвта од сите отрови и вишок вода во организмот.

Секој втор четврток во март се одбележува Светскиот ден на бубрегот во повеќе од 200 држави ширум светот.

Годинава, поради пандемијата, Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ ги откажа сите традиционални настани и се фокусира на едукација и поддршка на годинашната кампања „Живеј квалитетно со бубрежната болест“.

– Квалитетот на живеење кај пациентите со хронична бубрежна болест варира и во зависност од нивниот карактер, опкружувањето, семејната атмофера, третманот кој го добива како и од другите придружни болести. Прифаќањето на новиот начин на живот со сите ограничувања кои ги носи е тешко и секој различно го доживува. На пациентите со бубрежни болести им се потребни повеќе видови на поддршка како од медицинскиот персонал, така и од семејството и општеството воопшто за да можат да го надминат прифаќањето на болеста и да продолжат да живеат со неа, истакнуваат од здружението „Нефрон“.

Додаваат дека иако најоптимален метод за лекување на бубрежната болест е трансплантацијата на бубрег, сепак во нашата земја овој метод е недоволно применуван.

Бубрежните болести се незаразни болести кои во моментов погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот. Еден од десет возрасни има некоја форма на хронично заболување на бубрезите. Над 2 милиони луѓе во светот се лекуваат со дијализа или трансплантација. Во глобални рамки ХББ (Хроничната бубрежна болест) секоја година расте и се предвидува дека во 2040 година ќе биде 5-тата болест како причина за смртност на годишно ниво./ МИА/.

Next Post

Пораст на нови случаи на Ковид-19, почна вакцинацијата со „Спутник В“, до крајот на месецот се очекува поголемо количество вакцини

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk