ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со 12,2 милиони денари реконструиран градскиот фудбалски стадион во Велес

March 11, 2021 14:48
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По една година градежни работи заврши реконструкцијата на Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес. Исто така, реконструиран е и фудбалскиот терен со трибини за стоење, а воедно се изврши реконструкција и на соблекувалните. Вкупната инвестиција на Агенцијата за млади и спорт е 12,2 милиони денари. 

Во посета и увид на изведените градежни активности на стадионот денеска беше директорот на АМС, Наумче Мојсовски заедно со градоначалникот Аце Коцевски и изведувачот а работите градежната фирма „Делта Пром“. 

Во рамки на градежните работи за реконструкција, се уредија, реконструираа  две трибини за стоење,една за домашна и една за гостинска навивачка група од страната на Градскиот парк  со капацитет од 1500 гледачи. 

Воедно се реконструира и зградата на соблекувалните за екипите. Во рамки на проектот се изврши замена на кровниот покривач и на внатрешната столарија со нова од ПВЦ, се постави термоизолациона фасада и се изврши реконструкција на дел од подовите во соблекувалните. Со проектот се обезбеди  набавка на опрема за наводнување на фудбалскиот терен и нов систем за  користење на соларна енергија за затоплување на вода за туширање. Истовремено се постави заштитна настрешница за излез на спортистите од соблекувалните до стадионот, се пренамени веќе постоечки објект во тоалети за посетителите. На дел од стадионот е  поставена метална ограда. 

– Задоволство е на Агенцијата за млади и спорт за изведената реконструкција и се надевам ќе продолжиме со одличната соработка со Општина Велес. На ред е изградбата на затворен школски пливачки базен. Се надевам дека ФК „Борец“ ќе продолжи со одличните игри кои ги имаше и досега во првата фудбалска лига  и овој терен заслужува да има прволигашки статус, потенцира Мојсовски. 

Тој најави и реконструкција на руинираната атлетска стаза околу стадионот која е неопходна за спортување на атлетичарите од велешките клубови и изградба на нивна соблекувална, како и реконструкција на поранешните стари ѕидови околу стадионот и изградба на пристапни патеки до стадионот за лицата со инвалидитет.

извор: МИА

Next Post

Градоначалникот на Центар Богдановиќ, после 10 дена хоспитализација, пуштен на домашно лекување

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk