ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Една година со Ковид-19: Французите го критикуваат управувањето на кризата од извршната власт

March 11, 2021 19:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според истражувањето на Одокса-Бекбун за париски „Фигаро“, со кое се проценува една година на здравствена криза, поголемиот број од Французите ја поздрават постапката на нивниот градоначалник и нивното претпријатие. Управувањето со кампањата за вакцинација е во центарот на критиките, јави дописникот на МИА.

Најпрво карантинот, потоа маските, тестовите, повторните ограничувања и сега вакцината. Скоро една година по одлуката на Емануел Макрон да ја затвори земјата, дури 73 отсто од Французите според истражувањето објавено од Фигаро и Франсинфо веруваат дека градоначалниците и компаниите (68 отсто) беа на висината на ситуацијата. Французите се поделени во однос на своите сограѓани: 48 отсто сметаат дека се однесувале добро и скоро исто толку (51 отсто) го мислат спротивното.

Но, пред сè, политичките лидери се наоѓаат во срцето на критиките: скоро за две третини од Французите, ниту претседателот Емануел Макрон (63 отсто) ниту премиерот Жан Кастекс (66 отсто), ниту министерот за здравство Оливие Веран (65 отсто) не биле на висината на ситуацијата. Испитаниците се уште поостри со опозицијата, критикувани од 84 отсто од нив.

Околу 77 отсто од анкетираните веруваат дека владата „не смирува“ затоа што според нив „не е јасна“ (80 отсто) и „не знае каде оди“ (83 отсто). Три четвртини од Французите сметаат дека извршната власт „не донела правилни одлуки во вистинско време“ (73 отсто) и се убедени дека „не им ја кажала вистината“ (76 отсто). Доколку Французите се поделени во однос на управувањето со маските (52 отсто се задоволни) или економската криза (49 отсто се задоволни), тие се главно критични кон стратегијата за вакцини спроведена од јануари (75 отсто незадоволни). Доказ дека слабиот почеток на кампањата остави свој белег во јавното мислење.

Ако Французите се непопустливи кон владата, тоа е затоа што, изминатата година, здравствената криза директно ги погоди: 8 од 10 испитаници велат дека виделе дека нивната ситуација се влошува. За мнозинството од нив, оваа криза им го „влоши“ моралот (57 отсто) и ги влоши односите со пријателите (полициски час, затворање и сл.) (52 отсто). За 4 од 10 лица, нивната професионална состојба (41 отсто од активните ) е влошена и затоа, логично, нивната економска состојба (39 отсто од Французите). Здравствената криза им наштети на семејниот живот (36 отсто) и сентименталниот живот (26 отсто) на многу испитаници. Конечно, 1 од 4 лица доживеале влошување на здравјето поради Ковид-19.

Во светло на годишниот билан на здравствената криза, испитаниците извлекуваат лекции за иднината. Додека на недостигот од маски и вакцини се сеќаваат на сите, 52 отсто од Французите веруваат дека „француските компании ќе мора да го преместат повторно во Франција своето производство и да ги преиспитаат своите општествени одговорности“. Поука и за владата: 46 отсто од анкетираните веруваат дека „политичката власт ќе мора да го преиспита начинот на кој работи на краткорочен план и да ги испланира работите на подолгорочен план“. Должност за солидарност, 41 отсто од анкетираните сметаат дека „Французите ќе мора да бидат помалку индивидуалисти и да прават повеќе колективни напори“. /МИА/

Next Post

Ахмети: Нема раздор во ДУИ, Собранието не е блокирано, а парламентарното мнозинство е стабилно

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk