ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има дополнителни мерки

March 12, 2021 08:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здравествените власти очекуваат сегашните рестрикции да дадат резултат иако продолжува трендот на зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. Состојбата внимателно се следи и од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има нови мерки.

На инфективните оддели во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 916 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Скопје се хоспитализирани 350, а во другите градови 566 лица.

Во ковид-центрите има околу 280 празни болнички кревети. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

И министерот за здравство Венко Филипче вчера уверуваше дека има слободни кревети во секоја јавно-здравствена установа, потенцирајќи оти имаат и план доколку се пополнат капацитетите. Тој верува дека актуелните мерки ќе дадат резултат и очекува за 10-тина дена да има промена на епидемиолошката слика.

–  Секојдневно ја следиме ситуацијата во однос на бројките и трендовите што сега се актуелни, така што ќе видиме во однос на некои евентуално дополнителни мерки, изјави Филипче.

Во Скопје во функција се ставени интерните клиники, а има и план доколку се исполнат капацитетите што се на располагање. Во опција е просторот во стара Систина, но засега, како што посочи Филипче, нема потреба, бидејќи модуларните болници се сериозен капацитет од 10.000 метри квадратни со 600 кревети.

Сериозен вектор на трансмисија на вирусот, според него, се младите кои контактирале и по затворањето на угостителските објекти.

– Сметаме дека младите како една група на граѓани кои беа активни и многу често комуницираа и по затворањето на угостителските објекти, беа сериозен вектор на трансмисија на вирусот и поради тоа сметам дека во следните 10-тина дена ќе има промена на сликата. Сега бројката е нешто под илјада, следиме дали ќе има зголемување, но верувам дека овие мерки ќе дадат резултат, вели министерот за здравство.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 947 случаи на коронавирусот од направени 3.450 тестирања. Починаа 21 лице, а оздравени се 397 пациенти.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува  110.209, на оздравени е  96.570, а на починати 3.265. Бројот на активни случаи изнесува 10.374.
Досега во земјава се направени вкупно 555.367 тестирања за Ковид-19.
Заради спречување на ширењето на коронавирусот, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за воведување полициски час во целата држава од 10 до 22 март, во периодотод 22 до 05 часот./ МИА/.
Next Post

Тече вакцинацијата со „Спутник В“, до крајот на месецов пристигнуваат 40.000 дози „Фајзер“ и „АстраЗенека“

НАЈНОВО

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

(ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk