ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлог измените на Законот за лична карта пред Комисијата за политички систем

March 16, 2021 08:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Со предлагањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта се цели кон проширување на можностите кои би ги имале припадници на заедниците во процесот на издавање на личната карта, а во насока на јазикот на кој ќе им се печати образецот на личната карта, како и на јазикот на податоците кои ќе се впишуваат во неа, наведува Владата во образложението.

Со Законот за употреба на јазиците, се појаснува, јасно се дефинирани јазиците кои се службени на територијата на Република Северна Македонија, е пропишано дека на целата територија на Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Дополнително, согласно наведениот закон и друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните (албански јазик) е исто така службен јазик и неговото писмо.

Во контекст на наведеното, и пред донесувањето на Законот за употреба за јазиците беа предвидени идентични законски решенија за конкретните прашања поврзани со двата службени јазици на територијата на Република Северна Македонија, а кои терминолошки се разликуваат во однос на новите законски решенија. Ваквите законски решенија и досега беа имплементирани во позитивното законодавство на Република Северна Македонија, се наведува во образложението.

Според Предлогот, во однос на другите припадници на заедниците кои живеат на територијатата на Република Северна Македонија (Срби, Власи, Турци, Роми, Босанци), а се помалку од 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, со донесувањето на новиот Закон за употреба на јазиците се пропишува дека образецот на личната карта ќе им се издава и на јазикот и писмото кој го употребуваат тие граѓани, а исто така им се остава и можноста на нивно лично барање податоците за личното име кои се впишуваат во личната карта да бидат напишани и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

Членот 2 од Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта е преодна одредба која предвидува дека личните карти кои го содржат натписот ,,Република Македонија“ издадени до денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но не подолго од 12 февруари 2024 година. Предложената измена е во насока на усогласување на законот со рокот предвиден во член 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/19), односно пет (5) години од стапувањето во сила на уставните измени.

Законските измени и и дополнувања, според предлогот, треба да се применуваат од 1 јули годинава.

Next Post

Продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk