а црвениот тепих на Греми наградите, Дуа Липа го покажа извајаното тело во мрежест фустан со исечоци и висок шлиц, а на сцената настапот го заврши по секси долна облека.
На 63-тото издание на Греми наградите, кои се одржаа вчеравечер (14.03.2021) во Лос Анџелес, Дуа Липа беше номинирана во 6 категории.
Пејачката пристигна на црвениот тепих во смел аутфит, креација на Atelier Versace – таа го покажа извајаното тело во мрежест фустан со висок шлиц и исечоци, збогатен со пеперутка на градите од светкави детали.
За првата песна од нејзиниот настап, на сцената таа се појави во огромна розова наметка, танцувачките способности подоцна ги покажа во светкаво сако, а на крајот, ја вжешти атмосферата по секси, долна облека.