ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пуштен во употреба Транс-анадолскиот гасовод кој е важен и за Македонија

December 2, 2019 13:01
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пуштањето во употреба на Транс-анадолскиот гасовод (Trans Anatolian Natural Gas Pipeline – TANAP) е важно и за Македонија, бидејќи тој во делот на Грција продолжува во таканаречениот ТАП, (Транс-јадрански гасовод/Trans Adriatic Pipeline), оцени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој присуствуваше на свеченоста во Едрене во близина на граничниот премин помеѓу Грција и Турција, пишува Мета.


„Проектот кој што го имаме развиено за гасно поврзување со Република Грција би требало практично да црпи резерви на гас и од овој гасовод. Оваа гасна магистрала за нас е од исклучителна важност заради тоа што дава конкурентни цени на природен гас и нуди дополнителна алтернатива во снабдувањето со гас, кој моментално го набавуваме преку една гасоводна цевка. Во енергетиката секогаш е многу важно да имате сигурност на снабдување, сигурноста се добива доколку имаме повеќе извори на снабдување, а исто така е многу важна и
конкурентноста, бидејќи на тој начин се влијае и на цената на гасот, односно можност за поевтин енергенс за граѓаните“, рече Анѓушев.


Тој информираше дека во февруари 2020 година, планиран е состанок во Баку, на којшто треба секоја од државите да изрази подготвеност односно предвидување која количина на гас ќе има за потреба за потрошувачка.


Во моментот ТАНАП има капацитет за пренос од 10 милијарди кубици гас годишно, со можност да се покачат на 16 милијарди кубици и потоа до 32 милијарди кубици гас годишно, што е крајната цел.


„Потребите на Турција се оценуваат некаде на ниво до 10 милијарди кубици гас годишно, перспективно во текот на годините, тоа значи дека ќе има доволно количини на гас и за земјите од Југоисточна Европа и Балканот и таму каде што цевката завршува, а тоа е Италија“, нагласи Анѓушев.


Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата многу е заинтересирана за овој гасовод, имајќи предвид интерконекторот кој се гради до Грција, веќе од наредната година во јуни, се предвидува да биде пуштен во употреба и да се поврзе со ТАП.


Со 17,6 километри под Мраморно Море, главниот гасовод во Турција опфаќа вкупно 1850 километри, заедно со појдовните станици и надземните инсталации.
Целта на проектот ТАНАП е да донесе природен гас произведен во втората зона за гас во Шах Денис, Азербејџан и другите области во Каспиското Море, главно во Турција, но и во Европа. Проектот ТАНАП, заедно со јужно-кавкаскиот гасовод и транс-јадранскиот гасовод од елементите во јужниот гасоводен коридор.

Next Post

Во Албанија почувствуван нов земјотрес

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk