ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конференција на ЕВРОТИНК: Важно е спроведување реален парламентарен надзор над работата на безбедносните служби

March 17, 2021 15:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Напредокот во реализацијата на реформите во разузнавачките структури во Северна Македонија и реализацијата и предизвиците со надзорот над безбедносните и разузнавачките служби, беа во фокусот на Завршната конференција во рамки на „Програма за реформи во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија (2017-2020)“  што се одржа денеска во Скопје во организација на тинк-тенкот ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, во соработка со Центарот за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) од Женева.

Директорот на ЕВРОТИНК, Иван Стефановски, во однос на клучните наоди на изработениот документ за јавната политика, се осврна на надзорот на работата на трите собраниски комисии кои се задолжени за парламентарниот надзор врз безбедносните и разузнавачките служби, но и на улогата на Советот за граѓански надзор кој што е, како што оцени, прилично нефункционален и ги нема потребните ресурси и простор за да си ја сработи својата работа. Според наодите од Извештајот, парламентарниот надзор врз безбедносните и разузнавачките служби е исполитизиран, а се предлага и намалување на бројот на собраниски комисии кои го вршат надзорот.

– Нашите наоди велат дека надзорот врз работата на службите е исполитизиран и во голема мера одредени членови на тие комисии знаат повеќе да влечат кон ставовите на своите политички партии, но сакам да нагласам дека периодот кој е опфатен во документот за јавни политики се однесува на собранискиот состав од 2016 до 2020 година. Останува да се види работата на овој парламентарен состав и потоа да се изанализира и нивната работа и покрај тоа што овој состав е исправен пред огромен број предизвици, пред се, Ковид-19 пандемијата која што генерално ја оневозможува работата и функционалноста на Собранието, а следствено на тоа и врз парламентарниот надзор над работата на службите, изјави Стефановски.

Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ, која е членка на собраниската Комисија за надзор над Агенцијата  за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање и на Комисијата за надзор на мерките за следење на комуникациите, истакна дека во делот на активноста на втората комисија при крај се со изборот на техничките експерти кои, според неа, во суштина се најголемата придобивка од реформата во однос на собранискиот надзор, затоа што очекува со нив да добијат многу поквалитетен и реален надзор, што ја интересира и јавноста. Таа додаде дека штом се комплетираат ќе отидат во прв надзор на сите институции кои со закон им се доверени и тогаш ќе можат јавноста да ја информираат дали реформата за следење на системот на комуникациите функционира во целост и дали се почитуваат човековите права. Петровска во моментов не гледа потреба од промена на постојните закони.

– Мислам дека сега за почетокот е добро да почнеме со спроведување на надзорот, затоа што ова се пакет на закони кои ги донесовме пред две години и како прагматична не би се согласила често да ги менуваме законите, но апсолутно како Собрание и како парламентарно мнозинство, верувам дека и колегите од опозицијата ќе се сложат, сме отворени за какви било промени кои ќе значат подобрување на надзорот. Затоа што реформата сама по себе не е доволна ако не ја спроведеме целосно, а надзорот во овој случај игра многу важна улога, вели Петровска.

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ, кој е и претседател на собраниската Комисија за надзор над Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, нагласи дека се донесени нови закони за Агенцијата за национална безбедност и за Агенцијата за разузнавање и се уште се врши екипирање на комисиите, а првите посети на институциите се планираат најдоцна за првата половина на месец април. Запрашан дали е потребно намалување на бројот на собраниските тела кои вршат надзор над безбедносните служби и дали пратениците имаат капацитет тоа да го прават, Пренџов посочи дека треба да се остави на искуството во претстојниот период.

– Секоја држава согласно сопствените потреби, интереси и нивото на демократизација во општеството уредува кој е најдобриот модел на надзор на службите. Не можам да заземам категоричен став дали треба да бидеме вака или во една комисија, немаме доволно искуство како тоа би функционирало и сметам дека дебатата треба да биде поширока. Бидејќи во овие 30 години независност дури сега почнува реалниот парламентарен надзор, да оставиме искуството да не научи дали ќе биде потребна една мешовита комисија со широки овластувања или ќе остане на овие три комисии кои ги имаме сега во рамки на Собранието, вели Пренџов.

Пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја проблематизираше процедурата на носење на новиот закон за Агенцијата за разузнавање, во однос на собранискиот надзор од овој пратенички состав, рече дека се пречекоруваат законските рокови за издавање на сертификати на оние кои треба да го вршат надзорот и оти не се во можност да го направат надзорот на стручен и професионален надзор, бидејќи немаат како тоа да го сторат.

– Имаме седум институции кои имаат право да користат мерки за прислушување од кои само две се ставени во функција, а се поминати повеќе од две години, рече меѓу другото Јанушев, со оценка дека не се согласува оти реформата на надзорот над службите е успешна.

Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во однос на надзорот од пратениците посочи дека досега немало опструкција и дека соработката била на ниво. Со актуелниот состав имал средби со претседателот на Комисијата Пренџов и е запознаен со проблемот со добивање на безбедносните сертификати за членовите на Комисијата.

– Агенцијата за разузнавање е институција која работи на надворешни закани и изведуваме операции во странство во кои се помагаме со другите сојузници, но има и операции кои самостојно ги изведуваме. Во тој дел како Агенција за разузнавање размислуваме интензивно колку да бидеме транспарентни и кон јавноста, и кон Комисијата, но од друга страна колку да се дозволи во делот на контролата и увидот. Затоа треба да се дискутира, не треба да бегаме, вели Муслиу.

Според Марија Јаническа од Оперативно-техничката агенција (ОТА), во двата пратенички состава откако постои Агенцијата како ново тело, соработката со Парламентот се одвива редовно, а од актуелниот состав на Собранието се уште немале конкретен надзор. Таа нагласи дека ОТА се залага за транспарентен, отворен, стручен професионален и суштински надзор.

– Надзорот го сметаме како еден вид на коректив, сите оние надлежни и контролни тела ги доживуваме како наши партнери. Потребно е јасно да се издефинира опсегот на надзор и секој кој го врши надзорот да си ги знае точните надлежности. Затоа што ОТА во рамки на своите надлежности покрај тоа што е предмет на надзор од страна на голем број надзорни и контролни тела, е и вршител на надзор, кај телекомуникациските оператори, со кои исто така градиме партнерски однос, додаде Јаническа.

Иако беше најавен, на конференцијата не присуствуваше претставник на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии вчера објави Извештај за состојбите, предизвиците и препораките во однос на надзорот над разузнавачките и безбедносните служби во земјата содржани во документот за јавни политики „Преосмислување на демократскиот надзор над безбедносните и разузнавачките служби во Северна Македонија“.

извор: МИА

Next Post

Вработени од прилепскиот музеј реагираат на, според нив, незаконски отказ на колега

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk