ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Вработени од прилепскиот музеј реагираат на, според нив, незаконски отказ на колега

March 17, 2021 15:37
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесетина од околу триесет вработени во прилепскиот „Завод и музеј“ реагираат и бараат помош од Министерството за култура за, како што велат, неоправданиот и незаконски отказ на вработен во оваа институција. Бараат трудовата инспекција и Министерството да го согледаат и да го разрешат случајот.

Според вработените, на нивниот колега Цветан Цветковски, вработен како возач, по 18 години работа му е врачено решение за отказ, без реална и оправдана причина, но и без отказен рок. Убедени се дека нивниот колега на ниту еден начин не ги нарушил работниот ред и дисциплината.

Како што изјави, во името на колегите, Александар Цветкоски, вработен во Завод и музеј, ситуацијата почнала во ноември и декември кога нивниот колега, со порака, го известил директорот на Музејот Благоја Атанасоски за заразата со Ковид-19.

-Нашиот колега, во периодот од 23 ноември до 11 декември минатата година добил симптоми на Ковид-19 за што матичниот лекар му препишал соодветна терапија, бидејќи сите во семејството биле суспектни, но без тестирање поради зголемениот број на заболени и недоволниот број тестови во тој период. За оваа состојба колегата го известил директорот Благоја Атанасоски преку СМС порака, практика што директорот ја вовел уште при првиот суспектен случај во институцијата. Директорот, исто така, по СМС порака се согласил дека работникот ќе го води на годишен одмор се додека има слободни денови. Набрзо, по враќањето на колегата на работа, директорот формира Комисија за водење дисциплинска постапка каде вработениот се товари дека не поднесол соодветно писмено барање за отсуство од работа за периодот во кој му било одобрено отсуството, иако колегата се обидел да поднесе такво барање, но не му било овозможено од правната служба поради отсуство на одговорното лице, изјави Цветкоски.

Вработените во Музејот сметаат дека на колегата му се нарушени правата од работниот однос и е прекршена постапката за отказ.

-Прекршени се одредбите од Законот за работните односи, Законот за култура и Колективниот договор на институцијата, каде, при прекршок, работодавецот е должен на работникот да му даде опомена и поблага санкција, па доколку работникот и понатаму е недисциплиниран да започне отказна постапка. Раководното лице не ги почитува законските одредби. Освен тоа, и покрај тоа што приговорот е уредно доставен во определениот законски рок, Управниот одбор воопшто не одлучувал по приговорот, како да е тоа прашање на нивна желба, а не законска обврска, изјави Цветкоски.

Вработените бараат во решавањето на случајот да се вклучат Министерството за култура и трудовата инспекција. Бараат средба со министерката Ирена Стефоска.

-Со ваквото отказно решение кое не е согласно со легислативата за работните односи е загрозена егзистенцијата на нашиот колега Цветан и на неговото семејство, па поради тоа јавно бараме од Министерството за култура и Трудовиот инспекторат да се вклучат во решавање на случајот со цел да се искоренат појавите на самоволие на раководните лица и некомпентноста на Управните одбори. Воедно, јавно ѝ се обраќаме на министерката за култура Ирена Стефоска и бараме да ни овозможи средба, на која директно ќе и ги изнесеме проблемите со кои секојдневно се среќаваме во нашата институција, вели Цветкоски.

Овој став на вработените во  „Завод и Музеј – Прилеп“ велат е поддржан од Синдикатот на културата и Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК.

Според Душко Темелкоски, археолог, вработен во „Завод и музеј“ од Прилеп, имаат мобинг во институцијата.

-Мобингот тешко се докажува но имаме ситуации, повеќето колеги, на комуникација со раководното лице што недоликува. Имаме некоректно однесување од раководителот спрема дел вработени. Бараме од Министерката Стефоска да се повикаат на разговор одговорното лице и претставници од двата синдиката за да се решат состојбите, вели Темелкоски.

Директорот на прилепскиот завод и музеј Благоја Атанасоски се огласи со официјален писмен допис.

– Штом станува збор за судска постапка поради престанок на работен однос на вработениот поради повреда на работен ред и дисциплина, а по претходно водена дисциплинска постапка, јас не можам да коментирам. Во врска со прашањето дека голем дел вработени секојдневно се среќаваат со проблеми, барајќи средба со Министерката за култура, јас не сум надлежен да дадам одговор, тоа е прашање за кое треба да се обратите до Министерство за култура, стои во писмениот одговор на Атанасоски.

извор: МИА

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Регистрирани 1.293 нови случаи на Ковид 19, починати се 24 лица

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk