ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Муслиу: Ковид-дипломатија многу држави ја користат во нивната хибридна стратегија како елемент за притисок

March 17, 2021 15:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање вели дека многу држави ја користат Ковид-дипломатија во нивната хибридна стратегија како елемент за притисок, и оти и ние како држава сме изложени на тој медиумски притисок.

-Една од клучните приоритети во работата на Агенцијата, кој е дефиниран во член 4,  е геополитичкото ривалство кое развива хибридни стратегии и закани. Секако дека ние како сојузници во НАТО имаме приоритети. Како АР имаме национални и безбедносни приоритети, а како сојузници во НАТО ги споделуваме безбедносните приоритети со Алијансата. Хибридните стратегии секако дека влегуваат во тие приоритети. Не може секоја држава да развива стратегија за хибридно делување. За тоа треба моќ, треба многу алатки. Големи држави во светски рамки, но и во регионот, развиваат хибридни стратегии за делување и за мешање во внатрешни работи и други процеси. Развиваат и  специјални операции и ги користат сите елементи и алатки што им се на располагање за да можат да влијаат… Секако дека како разузнавачка агенција ги следиме сите овие процеси, рече Муслиу додавајќи дека работат разузнавачки и во држави кои се во нашето опкружување, а не се членки на НАТО

За лажните вести како закана по безбедноста, Муслиу укажа на вестите поврзани со пандемијата со Ковид-19.

-Не мора да анализирате политички, економски и енергетски, земете ја последната година со пандемијата и ќе видите колку сме изложени на медиумски притисок со лажни вести. Ковид дипломатија, Ковид речник, бројки, толку вакцини донесени, таа држава пријателска донела толку вакцини. Тие држави кои што развиваат хибридни стартегии оваа Ковид-дипломатија ја користат во нивната хибридна стратегија како елемент за притисок. Под притисок се многу влади во овој дел, да не зборуваме за 5Г техологијата и други прашања, рече Муслиу.

За тоа дали АР ќе соработува со граѓанскиот сектор во овој дел, нагласи дека тоа е прашање во делот на безбедносната култура.

-Ние како служба ја вршиме нашата работа, прибираме сознанија, ги знаеме кои се актерите, точките од кои што се делува, ги има на Балканот. Ние како територија и држава сме изложени на тој медиумски притисок. Ќе треба да соработуваме со граѓанскиот сектор во онаа мера во која ќе ни биде дозволено, а да не ги нарушиме нашите оперативни активности, рече Муслиу на денешната Завршна конференција во рамки на „Програма за реформи во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија (2017-2020)“  во Скопје во организација на тинк-тенкот ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии во соработка со ДЦАФ од Женева.

извор: МИА

Next Post

Пратениците расправаат за Информацијата за состојбата со тутунот од реколтата 2020-2021

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk