Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2019 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.51 отсто.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности 3.43 отсто, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.19 отсто.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.71 отсто.
Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.35 отсто.
Најголем број слободни работни места, односно 2 853, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.