ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Последниот шинобус“ за Зоран Заев

March 18, 2021 09:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ

Во пресрет на конгресот на СДСМ на кој партијата, по сè изгледа, со општо акламативно гласање на целото членство повторно ќе го избере Зоран Заев за свој претседател – тажно е што во тие традиционално „зихерашки“ сдсмовски структури не се наоѓа некој/а кој/а, без разлика што би изгубил/а на гласањето, не чувствува демократска потреба со свои размисли и програма да му конкурира на популарниот Заев – но, во таа славеничка атмосфера, во која ќе има многу обновени „удварања“ кон ново-стариот лидер, не е лошо некој да си го стави прстот на челото и, пред да биде предоцна, малку да се подзамисли за тоа до каде се стигнати со владеењето во државата.

Бидејќи, порано или подоцна, ќе се најде начин како ВМРО-ДПМНЕ да си се ослободи од сегашново свое неспособно, вревливо, политички импотентно партиско раководство на чело со Мицкоски – ох, да, зависи, додуша, и кој нив ќе ги наследи! – и тоа ќе биде денот кога на СДСМ ќе му истече „билетот“ за продолжено „гратис возење“ од позиција на власт, можеби на радост на мнозинството гласачи веќе на следните парламентарни избори.

Притоа, не е во прашање „возот“ на магистралните меѓународни и домашните реформски правци со кои СДСМ со Заев се обидува, со различен успех, да нè пренесе во нашата заедничка иднина. Визијата на СДСМ – а визијата е закон! – за македонското општество е сè уште далеку подобра од она што го нуди националистичката лева и десна конкуренција. Но, многу повеќе се работи за сè погласното „чкрипење со забите“ со кои македонската јавност го следи „шинобусот“ на скандалите и скандалчињата коишто, објективно, сè почесто ги произведува самата власт, а кои се закануваат партиската визија да ја пуштат низ политичката канализација. Флуууушшшшш!

За последните четири години колку што е на власт, слушнавме многу празни зборови од Зоран Заев во врска со расчистувањето на неспособните, мрзеливите и/или корумпирани кадри во неговото поблиско и пошироко окружување. Во неколку наврати најавуваше кадровски „метли“ во своите партиски функционерски структури, но од големите најавени „метли“, видовме нешто „метлички“ и повеќе некако како „четкички за заби“… Можеби ни тоа… Дентален конец?

Бидејќи, едно е политиката со која треба да се осамостојат и охрабрат државните институции за гонење криминал и корупција – со оглед на тоа кого и што затече во тие структури, процесот е секако мрднат од мртва точка. Но, друго е политичката одговорност што треба да ја понесат оние кои се под „команда“ на премиерот, распоредени по хоризонталите и вертикалите на власта. Особено што меѓу нив има многумина со одлични квалитети, а кои мораат да гледаат „в земи“ заради неспособноста на премиерот да ја воедначи (кон нагоре) својата кадровска „другарче“-политика.

На пример, ако за вознемирувачкиот неуспех со вакцинацијата во Македонија можат да се наведат објективни причини заради светскиот хаос во врска со набавката на вакцините, врз што Македонија има многу ограничена моќ – и, гледаме, никаква снаодливост – да влијае, не е јасно зошто се потребни недели и недели да се смени од функција еден директор на провинциска болница кому надлежните државни институции му констатирале дека поседува и работи во сопствена илегална ординација (плус другите професионални скандали во врска со неговата работа)?!

Или: Што запнал премиерот да ја „покрива“ очигледната ароганција, па и дрскост, на некогашниот секретар на Владата, а сегашен кабинетски советник Драги Рашковски, чие – најблаго речено – проблематично деловно-политичко однесување има моќ да му направи поголема политичка штета на СДСМ од сите хистерични прес-конференции на опозицијата за сè и сешто?! (Кога ќе го видам Рашковски со неговите лаконски, безобразни изјави, не знам зошто, но секогаш ми текнува на изреката дека „интелигенцијата може да се измери, а глупоста не!“)

Или: Зошто Заев допрва ја чека селекцијата за нови кандидатури за градоначалници за локалните избори, наместо навреме барем да се дистанцираше – ако веќе не можеше (а, можеше) и навреме да се ослободи – од прононсирано неспособните (негови) партиски градоначалници, во очекување на поразот во тие места на локалните избори?!

И така натаму… Ако, во оваа смисла, не може да се справи со своите партиски кадри, како да очекуваме дека премиерот може да ги „дисциплинира“ кадрите на коалициските партнери, меѓу кои некои од ДУИ се долгогодишни виртуози во занаетот на опстанок и личен процут во процепите на паралелните светови на македонската етно-политика.

Конечно, не е лошо некој да направи и истражување на јавното мнение во кое ќе провери дали граѓаните повеќе сакаат способна влада, во разединето општество; или политика на обединување, за сметка на нефункционална елита на власт… Колку за практична проверка на големите идеи на премиерот.

Затоа, гледано од страна, се чини дека на СДСМ сега многу помалку му треба изборен, „славенички“ конгрес; од работен, „маченички“ конгрес. Иако тамошните партиски структури отсекогаш биле поспособни за првото, одошто за второто.


Сите права се задржани.  Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

May 15, 2025

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk