ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Градежните компании да ги зголемуваат капацитетите и да аплицираат за проекти

March 18, 2021 12:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градежните компании да ги зголемуваат капацитетите со цел  сите да можат да аплицираат на тендерите за инфраструктурните проекти и навреме да ги завршуваат работите, апелираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

По тврдења на домашни градежни компании дека изгубиле многу тендери од почетокот на годината и оти бараат да не бидат само подизведувачи во прокетите на државата, Бочварски рече дека доколку градежниците ги исполнуваат критериумите тие се добредојдени на повиците за проектите.

-Можам да апелирам сите градежни компании да аплицираат на повиците, на проектите, секако доколку ги исполнуваат  критериумите тие се добредојдени заради тоа што тоа е домашната економија, развојот на градежништвото и домашната економија, аспектот на развојот на државата го темелиме и во делот  на градежништвото. Можам да апелирам до сите градежници да ги зголемуваат капацитетите на нивните компании со цел  сите да можат да аплицираат и навремено да ги завршуваат работите. Единствено што ја интересира државата е тоа парите што ги вложуваме од страна на граѓаните да бидат навремено реализирани, квалитено вградени во одредени инфраструктурни проекти и да нема никакви доценења, изјави Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања пи посетата на инфраструктурни проекти во Кочани.

Бочварски потенцираше, во градежништвото во текот на пандемијата, веќе цела година, нема отпуштања од работа. Тоа, оцени, е добар сигнал дека државата навистина ги движи добро капиталните инвестиции и е силен сигнал дека работиме на развој на градежништвото и во најтешкото време во државата во  пандемијата која ги зафати сите. Дополнително, укажа, мерењата кон крајот на минатата година  покажаа дека градежништвото покажало и раст.

Министерот за транспорт истакна и дека тековниот процесот за гасификација во државата е многу значен проект, се градат магистралните делници, а по постапката за јавно-приватно партнерство избраниот приватен партнер ќе има обврска да ги гасифицира сите градови низ државата.

-До крај на годината очекувањата се да ги завршиме двата магистрални гасовода до Битола и до Гостивар, а потоа продожуваме и со поврзувањето на интерконекторот со Грција и секако кон Кичево, но паралелно ја водиме постапката за јавно-приватно партнерство. Приватниот партнер ќе има обврска преку развојот на секундарната мрежа преку своите системи да ја донесе гасификацијата, рече Бочварски.

Обврските и временскиот рок за секундарната гасификација, појасни, ќе се знае по изборот на приватниот партнер, а општините се во координација со Министерство за економија, преку кое се одвива постапката за јавно-приватно партнерство.

извор: МИА

Next Post

Бектеши: Доколку има нови рестриктивни мерки ќе има дополнителна поддршка за најпогодените дејности

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk