ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шахпаска: Во услови на пандемија грижата за секој работник е високо на агендата, ќе ја усогласиме минималната плата

March 19, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешната минимална плата без усогласувањето е 14.924 денари што значи дека Владата предводена од СДСМ од 2017 година ја зголеми минималната плата за цели шест илјади денари, порача министерската за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

До 2017 година, како што рече во одговор на прашање по посетата на градинката „Росица“, клон „Детелинка“ во Општина Ѓорче Петров, работниците од кожарската, текстилната и индустријата за обувки не беа изедначени со минимална плата и нивната плата беше 8.990 денари.

-Почитувањето на работничките права и заштитата  на секое работно место се приоритет на Министерството за труд и социјална политика и на Владата во услови на пандемија кога грижата за секој работник е високо на агендата. Секако дека ќе заврши процесот на усогласување на минималната плата. Вчера веќе имавме седница на Економско социјалниот совет, а во текот на следната недела  ќе закажеме нова седница и ќе го испочитуваме законот и минималната плата ќе биде усогласена, рече Шахпаска.

Согласно Законот за минимална плата од 2017 година, како што посочи, усогласувањето на минималната плата се врши секоја година  во март врз основа на три критериуми. Тоа е една третина од порастот на просечната плата за минатата година, една третина од растот на трошоците и една третина од растот на Бруто домашниот производ (БДП).

Таа нагласи дека во текот на минатата година просечната плата пораснала за 8,8 проценти и додаде дека СДСМ во изминатиот период докажа дека доследно ги спроведува зацртаните политики и законски обврски.

Синдикатите бараат минималната плата да биде повисока од 16.000 денари, а денеска Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) побара при нејзиното утврдување да се иззема БДП.

извор: МИА

Next Post

Заев: Повеќе од 82.000 од дијаспората се самопопишаа, ги повикувам нашите државјани од целиот свет, да се приклучат кон овој патриотски чин

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk