ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Раст на годишна основа на депозитите и на кредитите во февруари 2021 година

March 19, 2021 15:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во февруари вкупните депозити на годишна основа се зголемени за 7,1 отсто, при речиси еднаков раст на депозитите кај двата сектора. На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 4,4 проценти. Нагорната промена е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства“.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5 отсто и 7,1 процент, на месечна и годишна основа. Анализирано по валута, кредитите во денари имаат поизразен придонес кон нагорната промена на месечно и годишно ниво. Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст за 0,6 и 1,2 процента при годишен раст од 6 и 12,7 отсто. Кај автомобилските кредити, овој месец, е остварен пад за 3,3 и 13 проценти, на месечно и годишно ниво.

Кредитите одобрени на кредитни картички, во февруари, бележат месечен и годишен пад од 2,3 и 9,2 отсто,додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 1,5 и 9,3 отсто на месечна и годишна основа. Кај кредитите одобрени врз други основи, овој месец е забележано месечно и годишно намалување од 1 и 6,7 проценти.

По падот во јануари, паричната маса во февруари 2021 година, оствари месечен раст од 0,8 отсто што во најголем дел се должи на повисоките депозитни пари при помал раст и кај краткорочните депозити, а во услови на пад кај долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек. Во февруари, годишната стапка на раст забрза достигнувајќи 9,7 отсто и главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и готовите пари во оптек, при пад кај долгорочните депозити до две години.

Вкупните депозити во февруари се повисоки за 0,9 отсто на месечна основа, во најголем дел како резултат на зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“, при умерен раст и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити се зголемени за 7,1 отсто, при речиси еднаков раст на депозитите кај двата сектора. Вкупните кредити бележат месечен раст од 0,4 проценти, додека на годишна основа се повисоки за 4,4 отсто. Нагорната промена на месечно и годишно ниво е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари, се зголемени за 0,5 отсто на месечно ниво. Притоа, растот во најголем дел е резултат на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, во услови на пад кај долгорочните депозити во денари. Анализирано на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 13,7 проценти, заради растот
на депозитните пари и краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при остварен пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.

Во февруари, кредитите на корпоративниот сектор бележат месечно зголемување од 0,3 отсто, при речиси еднаков раст на кредитирањето во денари и странска валута (малку поизразен кај кредитите во денари). На годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се повисоки за 1,4 отсто, во целост како резултат на растот на кредитите во странска валута.

Кај вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, е забележан месечен  раст од 1,3 отсто, кој во најголем дел се должи на зголемените депозитни пари, при помал раст и кај краткорочните депозити во странска валута. Во споредба со истиот период претходната година, овие депозити се зголемени за 5,2 отсто, во целост под влијание на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, во услови на пад кај останатите компоненти.

извор: МИА

Next Post

Во Велес одбележан Светскиот ден на поезијата – 21 март

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk