ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Филипче на средбата со Сојузот на здруженијата на дијабетичари: Со новите политики и иновативни терапии обезбеден е најквалитетен третман за пациентите со дијабетес

March 19, 2021 18:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска примија делегација на Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Северна Македонија предводена од претседателот на Управниот одбор, Диме Велев.
Претставниците на Сојузот на здруженијата на дијабетичари на средбата го изразија задоволството и благодарноста на над 125.000 членови на сојузот организирани во 25 здруженија за пресвртната разлика што е направена во последните четири години со обезбедувањето на најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес.

На средбата беше потенцирано дека со реформите на овој план и со измената на Законот за лекови и медицински средства особено со укинувањето на паралелниот увоз на лекови за дијабетес, во државата сега се набавуваат навремено оригинални инсулини со сертификат, какви што се носат во сите развиени европски земји.

Како особено значајно, истакнаа од Сојузот на здруженијата на дијабетичари, е воведувањето на иновативни терапии со новите типови на инсулин кои се инјектибилни и таблетарни, со што значајно се подобрува квалитетот на третманот на дијабетесот.

Премиерот Заев и министерот Филипче ја потврдија заложбата на Владата здравјето на граѓаните да биде на врвно место во здравствените политики, како и отворениот пристап за заедничка соработка со сите чинители.

Во таа насока Министерството за здравство активно соработуваше на изготвување на новата 10-годишна стратегија за третман на дијабетес, која во себе содржи елементи кои ја подобруваат превенцијата, раното откривање на дијабетесот, соодветниот третман на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита, како и ревитализацијата на сите центри за дијабетес ширум државата.

Претседателот на Владата Зоран Заев ја прифати поканата на Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Северна Македонија да биде покровител на двата значајни јубилеи што ќе бидат одбележани оваа година – 20 години од постоењето на Сојузот и 100 години од откривањето на инсулинот.

Next Post

„Ретвитни оброк“ во Кабинетот на претседателот Пендаровски

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk