Делови од северозападен Сиднеј ноќеска се евакуирани поради опасност од поплави предизвикани од обилните дождови, пренесува Би-Би-Си.
Предупредувањата за поплави се во сила во најмалку 12 области на Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава со осум милиони луѓе.
Властите наредија евакуација за сите во низинските подрачја.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан рече дека ваквите временски проблеми се случуваат „еднаш во 100 години“.
Џонатан Хоу од австралиската Метеоролошка служба изјави дека покрај дождот, проблематични биле и „силните ветрови“.





