ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Избрана новата Влада на Косово, премиер Албин Курти

March 22, 2021 21:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Косово го изгласа денеска со 67 гласа „за“, 30 „против“ и ниеден воздржан лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кабинетот на Курти го соинуваат 18 членови,од кои тројца вицепремиери: Прв вицепремиер, задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог е Бесник Бислими, втора вицепремиерка, задолжена за надворешни работи и дијаспора, e Доника Грвала, додека трета вицепремиерка, задолжена за малцински и човекови права, е Емилија Реџепи.

Нов министер за финансии е Хекуран Мурати, за правда Албулена Хаџиу, за здравство Арбен Витиа, за Образование и наука Арберие Нагавци, за култура Хајрулах Чеку, за локална самоуправа Елберт Красниќи, за екологија, просторно планирање и инфраструктура Либурн Алиу, за земјоделство Фатон Пеци, за одбрана Арменд Мехај, за внатрешни работи Џељаљ Свечља, за индустрија и трговија Розета Хајдари, за економија Артане Ризваноли, за заедници и враќање Горан Ракиќ и за регионален развој Фикрим Дамка.

Осуммина од членовите на новиот владин кабинет, како што објави Курти, се членови на неговата партија, ВВ, која извојува убедлива победа на вонредните парламентарни избори, одржани на 14 февруари, со освоени – заедно со листата „Осмели се“ на досегашната собраниска спикерка и вршителка на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи – 50,27 отсто од гласовите и 58 места во 120-членото Собрание на Косоо. Новиот премиер нагласи и дека една третина од членовите на неговата Влада се жени, а две од нив вицепремиерки.

Во своето обраќање по повод изборот за премиер, Курти ги изложи приоритети во развојот на економијата, борбата против невработеноста, борбата против пандемијата на Ковид-19, развојот на човековите права, јакнење на безбедноста на државата и на човековите права на сите граѓани без оглед на нивната припадност. Посебно ќе се залага за подигнување на квалитетот на образованието и за поголема социјална правда.

Во однос на наворешната политика, Курти најави јакнење на врските со земјите сојузнички, пред се со Албанија и Соединетите Американски Држави, како и јакнење на заложбите за зачленување во НАТО и Европската унија. Курти порача дека неговата влада ќе се залага за добри односи со сосседните држави, додека од Србија очекува да се соочи со своите злосторства во Косово и најави дека ќе бара обесштетување за економските, финансиските и другите штети од војната и пред неа.

По изгласувањето на Владата, за време на првото обраќање на Курти како нов косовски премиер, опозициските пратеници ја напуштија собраниската сала.

Next Post

Луксембург нуди стипендии за магистерски студии на студенти од Северна Македонија и Балканот

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk