ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Младите најпогодени од пандемијата, 37 отсто од нив имале примања под минималната плата во кризата

March 23, 2021 14:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на корона кризата, Владата пристапи со “чадор” политики, односно обид да се опфатат што повеќе граѓани, а не со таргетирани мерки за специфични групи кои најмногу трпат од кризата, најдобро да бидат заштитени, потенцираше денес Блажен Малески од Реактор – Истражување во акција, при денешната презентација на документот „Млади во криза 2.0“ на група младински организации со кој се анализираа ефектите од пандемијата врз младите, информира Мета.мк.

„Анализирајќи ги мерките што ги донесе Владата и државните институции за превенирање на кризата и штетите од истата врз младите, дојдовме до заклучок дека од преземени 99 специфични мерки, само 8 се однесуваат на младите од кои пак, седум се специфични, а една е продолжување на веќепостоечката мерка „Купувај домашно“ рече Малески.

Како што посочи тој, земајќи ги предвид другите мерки како мерка за финансиски средства за сместување, партиципација, ит обуки, не биле целосно искористени, што укажува дека бирократскиот процес бил сложен или пак, не сите млади имале пристап до мерките.

Тој исто така напомена дека државните институции сами по себе не прават евалуација на веќе реализираните мерки. Како и дека комуникацијата, односно учеството во креирањето на политики не било на задоволително ниво, т.е не биле консултирани младите, ниту пак младинските организации и здруженија.

Во документот, анализата на Здружението за истражувања и анализа – ЗМАИ покажува дека платите на младите се намалиле за време на кризата. Падот на просечните месечни нето примања кај младите во јуни во однос на февруари е 2,6 проценти, додека на ниво на цела држава е 1,8 проценти.

„Бројот на млади кои имале примања под минималната плата пораснал од 27.149 во февруари на 31.755 во јуни, а нивното учество во целата популација на млади кои имале примања се зголемило од 32 отсто на 37 отсто. Стапките на пад на примања се најизразени кај младите и жените. Ковид пандемијата допринесе да се зголеми јазот помеѓу младите и другите општествени групи односно во поглед на доходот. По секоја можна мерка младите се многу попогодени односно имаат поголеми намалувања на приходите. Се зголемува и јазот и помеѓу самите млади, ако се земат предвид карактеристиките по индустриите, по пол, по региони, што значи дека мерките треба да бидат дизајнирани за нивна поддршка“, посочи Виктор Стојкоски од ЗМАИ.

Младинските организации апелираат институциите да ги земат во предвид младите како клучна група при носењето на мерки за справување со здравствено-економската криза. Препорачуваат да се олесни (ре)вработувањето на младите, но и да се поддржат преку поврат на персоналниот данок и ваучери за домашна потрошувачка на оние на кои им се најпотребни.

„Образованието да не биде прекинато за ниту едно дете. Треба да се обезбедат услови за пристап до наставата, особено за младите кои немаат дигитални уреди, кои не се во образовен систем и кои се од економски помалку моќни семејства. А исто така, образованието на далечина да стане достапно и за учениците со попреченост“ потенцираше Теодора Столевска од МОФ.

Меѓу другото, во истражувањето се става акцент и на кризата и социјалната дистанца кои влијаат негативно на менталното здравје, за што стручните служби во училиштата мора да обезбедат активности за учениците, а државата да обезбеди сервисни линии за психолошка поддршка и линии за жртви на семејно насилство, сметаат младинските организации.

„Законот за младинско учество и младински политики не треба да чека да заврши кризата, треба да се работи на неговата имплементација, заедно со младинските организации. Препорака и до младите – волонтерството, младинската работа и активизам треба да опстојат“ рече Столевска.

Од почетокот на пандемијата, оваа мрежа на организации постојано ги следи промените и дава препораки за олеснување на последиците предизвикани здравствената и општествена криза. Членки на иницијативата „Млади во криза“ се: Младински образовен форум, Реактор – Истражување во акција, Здружение за истражување и анализи (ЗМАИ), ХЕРА, Центар за интеркултурен дијалог, Сојузот на извидници, Младински сојуз – Крушево, Еквалис, Психотерапика, ХОПС, Национален младински сојуз на Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и АРНО.

Процесот на креирање на документот и анализите беше поддржан од Фондацијата за демократија на Вестминстер преку Иницијативата за демократија на Западен Балкан.

Next Post

Европски филмски предизвик до 17 мај

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk