Претреси во објекти на бегалецот од правдата Никола Груевски во Скопје и на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски во Прилеп, се вршени утрово, јавува „Слободен печат“. Од јавното обвинителство потврдуваат дека имало претреси во објекти во Прилеп и Скопје.
Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „Слободен печат“ потврдила дека е извршен е претрес на дополнителниот имот на екс премиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“.
Пред две недели во притвор поради плацевите на Водно се најде бизнисменот Орце Камчев и тоа како осомничен за кривично дело перење на пари.
Поранешниот премиер Никола Груевски се товари дека овозможил со пари прибрани за партијата да се купи земјиште на Водно преку фирма на поранешниот свој кум Новачевски. Осомничени се и Ненад Јосифовиќ и Ратка Камчева.







