ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

На иницијатива на Министерството за култура Владата усвои 10 заклучоци за заштита на Охридскиот регион

March 23, 2021 18:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура, по последните случувања со градежните активности на локација, ресторан-дискотека Парк, предложи Информација до Владата за потребата за интегриран, координиран и синхронизиран пристап за заштитата на Охридскиот регион меѓу надлежните институции.

Како што соопшти Министерството за култура, согласно дискусијата, Владата ја усвои Информацијата поднесена од Министерството и донесе серија заклучоци за постапување, како и за зајакнување на работата на институциите од сите области, вклучително и од културата.

-Имајќи предвид дека сите стручни дејствија кои се содржани во Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се имплементираат преку НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид и Управата за заштита на културното наследство, Владата донесе заклучоци со кои овие дејствија на Заводот ќе се реализираат во соработка и со претходно мислење од Националниот конзерваторски центар-Скопје. Со цел, координирано одвивање на активностите за заштита на културното наследство во Охридскиот регион, Управата за заштита на културното наследство актите ќе ги издава по претходно мислење на Министерството за култура, се наведува во соопштението.

Заради обезбедување на стручност, се додава, Министерството за култура ќе формира комисија составена од докажани експерти за заштита на културното наследство која ќе дава стручна помош за мислењата и за актите изготвени од Управата за заштита на културното наследство.

Околу актуелните случувања на локацијата на поранешниот ресторан Парк, а во насока на заштита на крајбрежјето на Охридското езеро, како што се посочува, Министерството за транспорт и врски во рок од два дена ќе формира стручна комисија која ќе изврши увид во работата за Општина Охрид за процесот на издавање/спроведување на одобрението за градење на локацијата и за своите наоди да ја извести Владата на  нејзината наредна седница;

Исто така, се додава, задолжена е Општина Охрид да превенира градежни работи на посочената локација и во рок од два дена до Владата да достави Информација за важноста на одобрението за градба за локацијата на ресторан-дискотека Парк.

Владата ги задолжи сите надлежни министерства и инспекторати, во взаемна и постојана комуникација и преку давање стручна помош да ги решаваат проблемите со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Владата им укажа на општините Охрид, Струга и Дебарца, одобренијата за градба да ги издаваат со извод од ДУП и од Планот за управување со Охридскиот регион.  Општините Охрид, Струга и Дебрца до донесувањето на новите урбанистички планови кои ќе бидат усогласени со Планот за управување, изградба на објекти или преземање на мерки на непосредна заштита со кои се нарушува интегритетот на културното наследство на Охридскиот регион, задолжително да се врши со издавање на заштитно-конзерваторски услови, стои во соопштението од Министерството за култура. /МИА/

Next Post

Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на родовата еднаквост

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk