Абортусот од денеска е легален низ цела Австралија, откако државата Нов Јужен Велс исто така гласаше за промена на стариот закон што го забрануваше тоа во таа држава.
Актот донесен денеска ќе го замени законот стар 119 години, кој критичарите го опишаа како „многу застарен“.
Новиот закон им овозможува на бремените жени да одлучат за абортус до 22-та недела од бременоста, а потоа двајца лекари треба да ја одобрат постапката.
Предлог-законот длабоко ја подели конзервативната влада на државата, по неколку недели расправа што претходеше на усвојувањето.
Абортусот претходно беше можен во Нов Јужен Велс само доколку лекарот одлучи дека бременоста е сериозен ризик за здравјето на жената.
Сите жени кои би абортирале без дозвола од доктор, ризикуваа затвор до десет години, и исто толку казна беше и за лекар кој ќе го изврши тој зафат нелегално.
Извор: МИА