ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каевски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да застанат на страната на граѓаните

March 24, 2021 14:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците од СДСМ бараат од нивните колеги од опозицијата да не ја блокираат работата на законодавниот дом на чиј дневен ред се закони битни за граѓаните, во спротивно, ги повикуваат да ги вратат платите кои ги добиваат од Собранието.

-Опозицијата во Собранието не се откажува од блокадите и деструкциите, свесно и намерно кочи сè што е во интерес на граѓаните, во интерес на државата и нејзиниот развој. Видовме дека на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса воопшто не им е важно тоа што илјадници граѓани чекаат државна помош која токму тие ја блокираат, а слушнавме и како некои пратеници бесрамно и безобразно им порачуваат на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата, изјави денеска пратеникот Дарко Каевски.

Тој посочи дека законите за административни службеници, за високо образование, за внатрешни работи,  за работни односи, за културно наследство, за нов Клинички центар, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје, се само дел од законите кои опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ги кочи и блокира.

-На пратениците од опозицијата овде во Собранието не им е важен ниту развојот на Скопје, не им е важна заштитата на животната средина, не им е важен јавниот сообраќај во главниот град. Затоа го кочат и Законот со кој треба да се обезбедат средства за реализација на бас рапид транзит, односно за воведување на нов, еколошки и ефикасен систем на јавен превоз во Скопје, вели Каевски, кој праша зошто пратениците од опозицијата се против, како што рече, ваков важен капитален проект, кој е долгогодишна цел на сите досегашни градски администрации.

-Зошто пратениците на опозицијата не сакаат да се модернизира јавниот превоз? Очигледно дека не постојат логични објаснувања освен фактот што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса свесно сакаат Собранието да не функционира, свесно да предизвикуваат штети врз граѓаните и државата.
Ако веќе решиле да се однесуваат така, ред е и да ја вратат платата што ја добиваат од граѓаните, од Собранието, затоа што не си ја работат својата работа, не работат за интересите на граѓаните кои ги гласале и кои преку Буџетот ги плаќаат, потенцира Каевски.

Според него, ваквиот неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Собранието е препознаен од граѓаните и затоа тие повторно ќе бидат казнети. Тој порача дека како парламентарно мнозинство ќе ги искористат сите деловнички и законски можности за да можат да бидат донесени сите законски решенија во интерес на граѓаните.

извор: МИА

Next Post

ФТ бара конструктивност и државничка одговорност од политичарите за брзо донесување на петтиот економски пакет

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk