ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МЗ: ЗД Скопје распиша шест последователни огласи за издавање на ординации во Шуто Оризари, на кои се нема јавено ниту еден лекар, седми оглас е во тек

March 24, 2021 16:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за здравство информира дека за Поликлиниката во населбата Шуто Оризари, која работи во склоп на Здравствениот дом Скопје, за период од пет години  почнувајќи од 2015 па се до 2020 година, има распишано шест огласи за издавање на ординации по општа медицина за матични лекар. На ниту еден оглас до сега се нема пријавено лекар за работа. Во моментов во тек е седми оглас за кој јавното надавање ќе биде на 7 април. Инаку, Поликлиниката во склоп на Здравствениот дом Шуто Оризари има четири приватни здравствени установи и тоа ординации по општа медицина, кои во моментов се слободни поради пензионирање на матични лекари. Доколку и на овој седми оглас по ред, нема да се пријават невработените матични лекари, Здравствен Дом Скопје како давател на простор за вршење здравствена дејност и понатаму ќе нема избор туку да продолжи да го објавува огласот за издавање на просторот, се со цел да се јават лекари кои би работеле во овие ординации за да може да се пружи адекватна здравствена услуга и да се унапреди здравствениот статус на граѓаните од оваа општина.

 

Во моментов во Поликлиника  Шуто  Оризари  има вкупно 14 вработени лица, од кои осум се здравствени работници  и шест дел од техничката служба.
Во склоп на Поликлиниката функционираат и Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца, каде се врши  редовна имунизација  согласно  календарот за вакцинација , потоа систематски  прегледи , здравствено   советување според возраста на децата, се издаваат медицински потврди за упис  во училиште , а работи и детска превентивна стоматологија.
Во лабораторијата која е дел од Поликлиниката, во периодот  на пандемијата со корона вирусот е отворен пункт за тестирање на ковид пациенти и дневно се прават и по 40 тестирања.
Во Поликлиниката работи и ноќна  дежурна служба секој ден од 19,30  до 7,30 наредниот ден, a во неделите до 24 часот. Саботните дежурства ги држат лекари   концесионери од приватните здравствени установи од тој  реон .
Во  Поликлиниката  Шуто Оризари  работат и Приватни здравствени  ординации, концесионери кои имаат  25.000 илјади пациенти .
Своја канцеларија во склоп на Поликлиниката  има  и  невладината организација  ХЕРА  која обезбедување  советување за млади и еднаш неделно е организирана посета  од гинеколог  и дерматовенеролог. Канцеларр има и невладината  организација “Деца од улица“.  Во оваа здравствена установа  работи и дежурна аптека.
На годишно ниво во Поликлиника Шуто Оризари  се реализираат  околу 3.0000 прегледи. Во 2017 година  беше отворена и  ординацијата по гинекологија, но истата после година и половина беше затворена затоа што докторката го раскина договорот за закуп со Здравствениот дом Скопје. Бо моментов, Министерството за здравство опремува нова гинеколошка ординација, која наскоро ќе почне со работа.
Исто така за потребите на Поликлиника Шуто Оризари,  ЈЗУ Здравствен дом на Скопје со финансиски средстсва донирани од Амбасадата на Република Кина, спроведе две постапки за јавна набавка преку ЕСЈН, кои завршија со склучување на неколку договори кои се во фаза на изведба. Се работи за реконструкција на кровот на поликлиниката  како  и за договор за набавка на медицински мебел и опрема за РТГ кабинет. Со опремување на кабинетот за рентген пациентите нема да се испраќаат непотребно за снимање на  терциерно ниво. Во  месец Јануари  добиена е и донацијата од амбасадата на Сојузна Република Германија во вредност од еден милион денари за набавка на ЛЗО која тековно ќе се доставува согласно потребите.

Здравствен Дом Скопје  во сите свои служби во актуелната состојба  во која се наоѓаме,  тековно се доекипира  и мобилизира согласно потребите во услови  на пандемија. Министерството за здравство секогаш  максимално  се залагало и ќе продолжи да се залага за тоа секој пациент во оваа општина  да ја добие потребната  здравствена услуга.

 

Next Post

Османи: Северна Македонија ги дели истите вредности со сојузниците и е подготвена да придонесе за заштита на безбедноста и унапредување на соработката

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk