Во Соседна Србија епидемијата од коронавирус не стивнува, па така денеска се регистрирани 5.297 новозаразени од 17.684 тестирања.
Починаа 37 пациенти, па вкупнит број смртни случаи поради Ковид-19 до денеска изнесува 5.039.
На респиратор се 243 пациенти, а 6.349 се лекуваат во болница.
Денеска се одржа и седница на Кризниот штаб, на која е анализирана епидемиолошката ситуација, на која се одлужи да останат на сила постоечките мерки.
Тоа значи дека угостителските објекти и трговски центри остануваат затворени, а донесена е посебна одлука на барање на Министерството за образование во врска со оценувањето на учениците. Настапуваат и нови правила за влез во Србија.
Граничните рампи ќе бидат подигнати само за целосно вакцинираните против Ковид-19, одлучи Кризниот Штаб. За оние кои не се вакцинирани, задолжителен ќе биде негативен ПЦР тест.
Извор: Независен весник/ Сител





