ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Попладневен преглед: Пронајдени и одземени 4 пиштоли од станот на Груевски, 23-годишен пациент меѓу 17-те починати од ковид компликации, бојкот на Пописот е кривично дело…

March 24, 2021 18:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Слободен печат“: Пронајдени и одземени 4 пиштоли од станот на Груевски во Скопје. Станува збор за 4 пиштоли за кои Груевски немал дозвола по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага.

Регистрирани 1.347 нови случаи на Ковид 19, починале 17 лица на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавените, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Османи: Северна Македонија ги дели истите вредности со сојузниците и е подготвена да придонесе за заштита на безбедноста и унапредување на соработката.

Учеството во Пописот е задолжително, бојкотот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик и предвидува парична казна или затвор до 3 години за оној, што ќе организира други на отпор и на непослушност.

Николовски за Дубаи: Имам законско право на одмор, се извинувам ако пратив лоша порака. „Ниту денар од државата немам искористено во време додека сум на позиција, а за платата што ја добивам, имам право на три дена за одмор. Ѝм се извинувам на граѓаните, можеби се прати лоша порака. Многу порано беше договорено ова отсуство, од лични и приватни причини“, рече Николовски.

МЗ: ЗД Скопје распиша шест последователни огласи за издавање на ординации во Шуто Оризари, на кои се нема јавено ниту еден лекар, седми оглас е во тек. Своја канцеларија во склоп на Поликлиниката  има  и  невладината организација ХЕРА која обезбедување  советување за млади и еднаш неделно е организирана посета  од гинеколог  и дерматовенеролог. Канцеларр има и невладината  организација “Деца од улица“. Во оваа здравствена установа  работи и дежурна аптека.

Почина двомесечно бебе од малолетна мајка, телото предадено за обдукција. Во  Полициска станица Гази Баба од Итната медициска помош е пријавено дека во куќа на ул.„Зендел Џемаил“ има починато бебе.

Бенкси продаде слика за 23 милиони долари, парите ги даде во хуманитарни цели. Парите од продажбата се наменети за здравствениот систем на Велика Британија, за борба против коронавирусот. Бенкси претходно изјави дека 13.6 милиони долари добиени за неговото дело „Devolved Parliament“, во кој е прикажан Долниот дом на парламентот преплавен со шимпанза, е највисоката цена на негова продадена слика, што значи дека последната продадена е нов рекорд.

И. Т. З.

Next Post
Рок за мир, 24 март 2001 година, мировен концерт на ЦИВИЛ

„Рок за мир“, големиот мировен концерт на ЦИВИЛ се одржа на денешен ден, пред 20 години

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk