ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Првпат системски се воведува услугата образовен асистент, секое дете има право на образование

March 25, 2021 12:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првпат системски се воведува услугата образовна асистенција која е предуслов за обезбедување инклузивно образование. Донесени се сите подзаконски акти кои се однесуваат на услугата, со што образовна асистенција ќе се испорачува согласно Законот за основно образование.

– За Владата и за МОН обезбедувањето целосно инклузивно образование е врвен приоритет. Наша цел е секое дете да има пристап до сите нивоа на образование на еднаква основа со другите ученици, преку создавање  услови и можности овие ученици да го реализираат својот потенцијал и понатаму да се вклучат на пазарот на трудот и во општеството. Услугата ќе се финансира од државниот буџет, односно преку Буџетот на МОН за 2021 година, за што се обезбедени финансиски средства во висина од 59 милиони денари, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн-средба во организација на Движењето на родители на деца и лица со телесна попреченост – НВО „Пркос“, во соработка со Националното здружение за социјална инклузија, рехабилитација и општествена интеграција на лицата со посебни потреби „Соѕвездие“. Настанот е организиран по повод Денот за подигнување на свеста за церебралната парализа 25 Март.

Како што информира МОН, Царовска нагласи дека веќе се спроведуваат подготовките за обезбедување на услугата образовен асистент од следната учебна 2021/2022 година.

– Сите родители на учениците од второ до деветто одделение треба да се пријават во своите училишта, да ја искажат потребата и да достават мислење од Комисијата која работи по Меѓународната класификација на функционалности. За учениците кои првпат се запишуваат во прво одделение оваа обврска треба да ја исполнат до почетокот на  јуни. По утврдување на потребата, односно бројката на потребни образовни асистенти, во втората половина на јуни ќе се објави јавен повик за ангажирање образовни асистенти, појасни Царовска.

Во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во април ќе почне обука на кадарот во посебните училишта, односно тренинг за тренери за образовни асистенти, кои понатаму треба да ја спроведат обуката на образовните асистенти кои ќе бидат селектирани, а ќе се одржат и обуки за наставниците во чии паралелки ќе бидат вклучени овие ученици.

Согласно новиот Закон за основно образование, посебните училишта, односно училиштата во кои се воспитуваат и образуваат ученици со попреченост, ќе станат ресурсни центри. Министерката Царовска посочи дека со тоа ќе се овозможи мобилност на веќе постојниот искусен кадар кој ќе им дава поддршка на инклузираните ученици како и на инклузивните тимови во редовните училишта.

– Обезбедувањето на пристапноста е задолжителен услов кој треба да се исполни за добивање финансиски средства за адаптација, реновирање или изградба на училиште со средства од МОН, рече  Царовска.

Во насока на унапредување на процесот на инклузија, во тек е реализација на Проект за непречен пристап во 12 образовни институции низ државата – четири основни училишта, четири средни и четири факултети преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 – „EU for inclusion“, за кој е подготвена техничката документација (проекти за адаптација) и се очекува градежните активности да почнат во јуни/јули 2021.

Во рамки на ИПА проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, доделени се и 287 стипендии за деца со попреченост коишто се вклучени во редовното образование, за прво и второ одделение.

Оваа година се зголеми и бројот на стипендии преку МОН наменети за учениците со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта и, како што наведува Министерството, доделени се 100 стипендии за ученици со посебни потреби за учебната 2020/2021 година.

извор: МИА

Next Post

Дебата во Европарламентот за Северна Македонија и регионот

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk