ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО МУЛТИКУЛТУРА

Одбележан Денот за подигање на свеста за церебралната парализа

March 25, 2021 12:42
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Движењето на родители на деца и лица со телесна попреченост НВО „Пркос“ денеска под мотото „Сакам можам – ајде заедно“ организираше онлајн-средба по повод Денот за подигање на свеста за церебрална парализа 25 Март.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин на средбата истакна дека Министерството и во услови на пандемија посебен фокус стави на заштита на децата и лицата со попреченост. Како што соопшти МТСП, Хусејин посочи дека Министерството во рамки на социјалната реформа обезбедува поддршка за децата и семејствата кои имаат потреба од нивно вклучување во активности надвор од домот, како што се дневните центри, со што се овозможува нивна поголема вклученост во заедницата.

– Се намалува старосната граница од 18 на 6-годишна возраст на децата со попреченост за користење на услугата личен асистент која наскоро ќе биде достапна за сите оние на коишто им е потребна, рече Хусејин.

Тој истакна дека со новиот Закон за социјална заштита се воведоа нови права коишто не биле предвидени, како што е правото на паричен надоместок за попреченост, што порано е користено само од лицата со најтешка телесна и сетилна попреченост, а сега е проширено и на лицата со тешка или длабока интелектуална попреченост. Потоа, услугите за лична асистенција и услугата за помош и нега во домот, услугата за одмена на семејна грижа, рехабилитација и реинтеграција на лица кои се соочуваат со социјални и/или здравствени проблеми, психосоцијална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување работни вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење.

– Министерството за труд останува посветено на спроведување на деинституционализацијата и децентрализацијата преку соработка со партнери како Делегацијата на ЕУ во Скопје и Светска банка, се со цел да се воспостават социјални услуги во заедницата базирани на потребите на лицата со попреченост, истакна Хусејин.

Како што наведува МТСП во соопштението, заменик-министерот потсети и дека преку проектот за подобрување на социјалните услуги, кој Министерството го работи заедно со Светска банка, во текот на 2020 година беше објавен повик на кој 24 општини ги исполнија условите и почнаа со развивање услуги на помош и нега за стари лица во домот, помош за лица со попреченост, отворање дневни центри за стари лица и за лица со попреченост, како и поддржано живеење.

Министерството за труд и социјална политика информира дека продолжува да соработува и да дава поддршка со сите чинители во општеството со цел обезбедување подобри услови и можности за лицата со попреченост, како составен дел од заедницата и од општеството.

извор: МИА

Next Post

Фајон: Бугарското вето за Северна Македонија е неодговорно

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk