ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

АстраЗенека поради критиките од ЕУ може да ја зголеми цената на вакцините

March 26, 2021 09:23
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако може да се суди според зборовите на еден од водечките научници од тимот што ја произведе вакцината на АстраЗенека, поради критиките што доаѓаат од ЕУ, цената на таа вакцина може да се зголеми, пишува Индекс.хр.

Џон Бел, канадски имунолог и генетичар и професор на Оксфорд, кој беше еден од клучните научници во развојот на вакцината на АстраЗенека, во интервју за британски Телеграф рече дека АстраЗенека може да ја доведе во прашање претходната одлука да не профитира од вакцината, поради критиките од Европската унија.

Тој тврди дека на АстраЗенека никогаш не и било одадено признание за одлуката да не заработи пари од вакцината, додавајќи дека неодамнешните напади што доаѓаат од водечките политичари во ЕУ ја доведуваат во прашање таквата одлука.

– Има момент кога АстраЗенека може да каже: „сега ќе престанеме да наплаќаме ниска цена затоа што не ни оддавате признание за сè што направивме“. Цената на акциите на АстраЗенека падна, не се зголеми. Произведуваме повеќе вакцини од кој било друг. Се работи за сигурна и ефикасна вакцина, а на никого не му е грижа, рече Бел.

Тој нагласи дека во АстраЗенека има фрустрација затоа што се откажува од профитот на вакцината, што не е случај за ривалите како што се Фајзер или Бионтек.

– Немам проблем со тоа луѓето да заработуваат, но сега не е време за тоа. Фармацевтската индустрија ни порачува: „Погледнете не, бевме одлични и го спасивме светот. Да, така е, но исто така заработивте многу пари, истакна професорот.

Изјавите на Бел, пишува Телеграф, доаѓаат во време кога и во АстраЗенека интерно се дискутира дали британско-шведската компанија треба да наплаќа повеќе за својата вакцина.

Компанијата АстраЗенека ги коментираше изјавите на водечкиот научник од Оксфорд.

– Од самиот почеток, пристапот на АстраЗенека е да се третира развојот на вакцините како одговор на вонредната глобална закана по здравјето и ќе продолжи да работи во истиот дух. Апсолутно сме посветени да обезбедиме вакцини во што е можно повеќе земји и при тоа да не заработиме ништо. Компанијата вети дека ќе ја продава вакцината по цена која доволна само за покривање на трошоците за време на пандемијата, рече портпаролот на АстраЗенека.

извор: МИА

Next Post

Џесика Алба проговори зошто се оттргнала од актерството

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk