ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Северна Македонија ја одбележува годишнината од членството во НАТО, граѓаните да учествуваат во пописот, протоколите строго ќе се почитуваат, од ноќеска почнува летното сметање на времето

March 27, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија точно пред една година го официјализираше членството во најголемиот воено-политички сојуз, Северноатланската алијанса. Со официјализирањето на членството, Северна Македонија ја реализираше стратешката цел, зацртана со консензус во 1993 година. Само три дена подоцна, на 30 март лани, знамето на Северна Македонија беше кренато да се вее пред седиштето на НАТО во Брисел со знамињата на останатите држави членки.

Премиерот рече дека ќе разговара со Мицкоски за најавите за бојкот. Граѓаните да учествуваат во пописот, протоколите строго ќе се почитуваат, а опозицијата со најава дека нема да ги признае резултатите.

Законот за Шар Планина како национален парк оди на усвојување, втора фаза од проектот „Одржлив и инклузивен развој” вредна 6 милиони швајцарски франци, соопштуваат од Владата.

Состојбата на постојано одложување на почетокот на преговорите е неодржлива, неодржлива е за регионот, неодржлива е за кредибилитетот на процесот на проширување и не одржлива е за ЕУ, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во моментов работиме од Штип кон Неготино, Прилеп и Битола и имаме голем процент завршено, годинава ќе биде целосно завршен овој крак, втор крак од Скопје кон Тетово и Гостивар и верувам до крајот на годината и овој ќе биде готов, значи над 160 километри гасоводи ќе имаме, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето завршува на 31 октомври во 3 часот по полноќ.

Северна Македонија 12-ти пат ќе се вклучи во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Оваа година, „Часот на планетата Земја“ ќе се одржи вечер, кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот.

На закажаната понеделничка средба, Заев и Мицкоски може да разговараат за сите теми кои се од интерес на граѓаните, а сега се блокирани од опозицијата во Собранието. Можат да разговараат за сè, само за широка коалиција со ова, до гуша заглавено во криминали ДПМНЕ – НЕ. Тоа ќе значи директно соучесништво…пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

М. Миткоска

Next Post

Работниците бараат правна помош најмногу за неисплатени плати и откази

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk