Претседателот на Градското собрание на Градот Сараево, Игор Гавриќ, предложи поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски да се кандидира за доделување на признанието „Почесен граѓанин на Градот Сараево“.
Овој предлог го прифати Црвенковски, и потпиша изјава за прифаќање на кандидатурата, јави Фактор.ба.
„Почесен граѓанин на Градот Сараево“ е признание кое се доделува на граѓани на Босна и Херцеговина и на странски државјани.
За почесен граѓанин може да се прогласи и странски државјанин кој остварил особен придонес за развојот и афирмација на Градот, како и во развојот на меѓународните и меѓучовечките односи на начелата на солидарност, демократичност, хуманост и толеранција меѓу луѓето, соопштено е од Градската управа.
Инаку, Бранко Црвенковски е роден е на 12 октомври, 1962 година во Сараево, СР Босна и Херцеговина. Во 1963 година неговото семејство се вратило да живее во Скопје.