ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Субвенции за автомобили ќе нема, средствата се насочуваат во мерки што даваат најдобар резултат

Таа додаде дека аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и дека во буџетот има повеќе мерки што се вградени во најразлични министерства.

December 3, 2019 15:21
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Средства за субвенции за купување возила, односно замена на старо за ново возило, што беше најавено за  следната година, во буџетот не се предвидени. Работна група што била формирана и го разглеудвала ова прашање одлучила средствата да се алоцираа таму каде ќе дадат најдобар ефект.

Ова го соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за проектот „Купи куќа, купи стан“, најавувајќи дека наскоро ќе биде соопштено повеќе за Законот за данок на моторни возила кој е усвоен од Владата и за други мерки што се во насока на намалување на аерозагадувањето.

-Беше разговарано, и одлучено дека приоритет на Владата е средствата да бидат алоцирани онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Таа мерка беше дебатирана, имаше работна група што беше формирана и средствата се алоцирани за да го дадат најдобриот ефект, изјави министерката, додавајќи дека целта е средствата на граѓаните насочени преку кој било проект да го дадат најдобриот резултат.

Таа додаде дека аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и дека во буџетот има повеќе мерки што се вградени во најразлични министерства.

-Програмата во Владата е 100 милиони, во Министерството за животна средина има 70 милиони што се повеќе за 20 милиони од минатата година, за субвенции за инвертери што треба да започне и се предвидени 620 милиони денари и во Министерството за економија за субвенциите за вградување плински уреди за што се предвидени 18 милиони денари и на ова го додаваме и новиот закон за данок на моторни возила во насока на намалување, за кое данокот ќе се определува по однос на вредности по однос на загадувањето, како и гасификацијата 1,1 милијарда денари. Ова се мерки што се вградени во буџетот, потенцира министерката Ангеловска.

Next Post

Јанева: Се надевам дека не се плашите од заканите на Рускоска за „тресење од гаќи“

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk