ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

ДИЖС: Кај МЗТ не истекла солна киселина, имало само прокапување, а фирмата имала лиценца

ДИЖС, стои во соопштението, изнесените лаги и клевети на градските власти дека другите институции не постапуваат ги смета како недолично однесување на институцијата и исистите ги отфрла во целост. 

December 3, 2019 15:47
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во кругот на МЗТ пред два дена немало истекување на солна киселина, туку капење на хлороводородна киселина со концентрација од 30-32 проценти која била складирана во метален резервоар со капацитет од 50 тони, соопшти денеска Државниот инспекторат за животна средина, кој направил вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект „Макохемија“ АД Скопје по добиени информации од социјалните мрежи за ширење на неподнослива миризба од страна на граѓаните на населба Автокоманда во Општина Гази Баба, пренесе МИА.

– Постапувајќи по службена должност, извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Макохемија АД Скопје, ул. Перо Наков бр.41, која не се наоѓа во кругот на МЗТ, при што е констатирано дека на ден 01.12.2019 година во попладневните часови, околу 19 часот дојдено е до капење хлороводородна киселина со концентрација од 30 до 32 отсто која била скаладирана во метален резервоар со капацитет од 50 тона. Во моментот на прокапувањето во резервоарот имало количина на залиха од 10 до 15 тони. Резервоарите каде се складира хлороводородна киселина имаат изградено танквана – непропустлив бетонски базен заради заштита. Веднаш по утврдувањето на прокапувањето од страна на правниот субјект превземени се превентивни мерки, појаснуваат од ДИЖС, од каде ги демантираат наводите на Инспекторатот на Град Скопје дека во наведената локација имало истекување, заради тоа што се превземени мерки за преточување во друг резервоар.

Во соопштението се наведува дека „ваквите лажни информации за наводно истекување на киселина шират паника и дезинформаицја кај граѓаните“.

Исто така, ДИЖС ја демантира информацијата што е пласирана до медиумите дека „Макохемија“ АД-Скопје не поседува елаборат за заштита на животнта средина, субјектот поседува Согласност на еколошки елаботат со архивски број 11-1139/2 од 12.03.2004 година, согласно тогашните законски прописи.

ДИЖС, стои во соопштението, изнесените лаги и клевети на градските власти дека другите институции не постапуваат ги смета како недолично однесување на институцијата и исистите ги отфрла во целост.

Next Post

Граѓани протестираа против извршителите

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk