ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Со Регистарот на вистински сопственици се зајакнуваат механизмите за борбата со перење пари и финасирање на тероризам

March 29, 2021 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работен состанок со Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски, на којшто беше презентирано функционирањето на новиот Национален регистар за вистински сопственици. Впишувањето на вистинските сопственици во секое правно лице во регистарот, започна на  27- ми јануари годинава и трае до 27-ми април. Заклучно со денешниот ден, во Регистарот се впишани  16.720 субјекти.

Вицепремиерот Николовски посочи дека со новиот регистар, се зајакнува контролниот механизам и сигурноста во правниот промет во државата.

„Со овој регистар се добива вистинска слика на сопствеништвото во бизнис секторот во државата и точно ќе се знае кое лице и во колку компании има сопственост, кои се тие компании, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде е евентуално претседател на управен одбор и друго. Овој Регистар ќе придонесе за зголемување на сигурноста во правниот промет во земјата, а истовремено ќе ги зајакне механизмите за борбата со перење на пари и финасирање на тероризмот во нашата држава., рече вицепремиерот Николовски.

Директорката Бошковска Јанковски, ја потенцираше важноста на Регистарот на вистински сопственици кој ќе придонесе за зајакнување на транспарентноста на сопственоста на правните лица и спречување на нивна злоупотреба за криминални цели.

„Бесплатно поднесување на пријави за упис во Регистарот може да се изврши до 27.04.2021 година. Подносител на пријавата за упис на вистински сопственик може да биде секое лице кое поседува валиден дигитален сертификат и кое е овластено од правниот субјект преку системот на администраторот. Доколку не ја изврши оваа законска обврска, може да биде исклучен од платниот промет“, рече Бошковска Јанковски.

При тоа, директорката Бошковска Јанковски, го информираше вицепремиерот Николовски, дека Централниот регистар во наредниот период е фокусиран на унапредување на соработката со Инспекцискиот совет и на развивање на проектот за создавање на централна платформа за евидентирање на издадени лиценци и дозволи кои би биле интегрирани во тековната состојба на правниот субјект, кои исто така се важни за борбата со корупцијата.

Инаку, годинава Централниот регистар е добитник на Мерит наградата за иновативност која ја доделува Светскиот форум на корпоративни регистри. Наградата се однесува за проектот Заедничка платформа за отпочнување на бизнис, со која ЦР ја збогати палетата услуги кои деловната заедница може да ги користи преку едношалтерскиот систем и тоа токму во доменот на отпочнување на бизнис.

Next Post

Докиќ: Демантирам дека сум автор на текстот кој се шири на социјалните мрежи

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk