ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Словачката претседателка и формално ја прифати промената во врвот на владата

March 30, 2021 19:26
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Словачката претседателка Зузана Капутова денеска ја прифати оставката на конзервативниот популистички премиер Игор Матович, јави ДПА.

Веднаш потоа, таа и официјално мандатот за формирање на новата влада му го даде на досегашниот министер за финансии, Едуард Хегер.

Матович во неделата ја најави оставката на функцијата шеф на четирипартиската словачка Влада под притисок на неговите коалициски партнери и притоа го предложи Хегер за негов наследник.

Хегер (44), експерт за маркетинг, припаѓа на конзервативното христијанско крило на движењето на Матович – Обични луѓе и независни личности (ОЛАНО).

За разлика од поларизирачкиот Матович, тој се смета за консензуален политичар, а сите четири досегашни коалициски партнери веќе му ветија поддршка, пренесе ДПА.

Коалициските партии, исто така, прифатија  Матович да стане министер за финансии и објавија дека, со малку исклучоци, сакаат повторно да ги номинираат истите луѓе во владата.

Меѓутоа, денеска беше изненадување што за неколку часа се одложи претходно најавениот утрински состанокот меѓу Капутова, Матович и Хегер. И иако Хегер првично најави дека на претседатечката ќе и достави готов список со министри, тоа не се случи и имињата не беа објавени.

Претседателската канцеларија само објави дека Капутова и Хегер разговарале за составот на новата влада и дека јавноста ќе биде информирана за тоа „што е можно поскоро“. /МИА/

Next Post

Палмер: Неопходен е итен почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk