Европската унија и САД денеска ветија дека ќе испратат 1,2 милијарди долари помош за воено разурнатата Сирија.
Помошта беше донирана на виртуелен собир, на кој еден од организаторите беа Обединетите нации.
На собирот учествуваа десетици земји и меѓународни организации, така што вкупниот износ на ветена помош ќе биде познат доцна вечерва.
ОН и другите хуманитарни групи на годинешната конференција побараа повеќе од четири милијарди долари помош за Сирија, што е најголема сума досега.
За речиси шест милиони сириски бегалци кои ја напуштија својата татковина побарани се дополнителни 5,8 милијарди долари.
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека европскиот блок издвои 560 милиони евра за Сирија, исто колку и минатата година.
Амбасадорот на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд кажа дека САД ќе помогнат да дадат повеќе од 596 милиони долари.
Стејт департментот соопшти дека помошта ќе им користи на луѓето во Сирија и бегалците во соседните земји Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет. /МИА/