ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски со претставници од Делегацијата на ЕУ: Со проектите финансирани преку ИПА поблиску до европските стандарди во полициското работење

March 31, 2021 15:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Динамиката и прогресот од досегашната соработка помеѓу МВР и Делегацијата на Европската Унија, во делот на спроведувањето на проектите финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), меѓу кои имплементација на системот за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата и модернизација на ИТ инфраструктурата во седиштето на МВР, воспоставување на нов Прифатен центар за странци, изградба на нова зграда за Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења и нејзина акредитација согласно ISO 17025 стандардот, усогласување на националните системи со ЕУ и Шенген барањата во областа на граничното управување и друго, биле темите на кои разговарале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државниот секретар  Магдалена Несторовска, на денешниот работен состанок со претставници на Делегацијата на Европската Унија, предводени од раководителот на Одделот за соработка, Никола Бертолини.

Бертолини, како што соопштија од МВР, изразил задоволство од постигнатото во рамки на проектите што во моментот се спроведуваат во Министерството, а Спасовски во име на МВР изразил благодарност на Делегацијата на ЕУ за досегашната поддршка, истакнувајќи дека таа е од исклучителна важност за Министерството, поради што на располагање се сите ресурси со цел максимално и рационално искористување на финансиската поддршка која е наменета за постигнување на европските стандарди во полициското работење.

Спасовски и Бертолини, стои во соопштението, изразиле подготвеност со целосна посветеност да се продолжи со спроведување на активностите во рамки на проектите кои во моментот се спроведуваат, како дел од ИПА програмата во рамките на МВР, како и уверување за продолжување на одличната соработка и во иднина. 

извор: МИА

Next Post

Имаме национален план на хартија, но не и фокус во справувањето со климатските промени

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk