ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пановски: Смртноста од „Фајзер“ е поголема отколку од „АстраЗенека“

March 31, 2021 21:15
in ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Проблемот со стопирањето на вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ е смешен во однос на употребата на токсични дози антибиотици кај нас, смета микробиологот, професор доктор Никола Пановски. Според него, сосема очекувани биле нападите за вакцината на оваа компанија оти е единствена што не работи со профит.

„Оваа вакцина чини 4,5 долари, тоа е десет – единаесет пати помалку од останатите што се нудат и кај нас. Компанијата работи без профит и вакви напади се логични. Зошто граѓаните не се загрижат за смртноста од вакцината на ’Фајзер’ на пример? Зошто нема врева за оваа вакцина? Смртноста од ’Фајзер’ е поголема од смртноста од ’Астразенека’. Од ’Фајзер’ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од ’Астразенека’ еден случај на 100.000“, вели микробиологот Пановски.

И нему му е чудно ограничувањето со вакцината на „Астразенека“ да се вакцинираат само лица над 60 години кое веќе се применува на вакциналните пунктови откако синоќа министерот за здравство Венко Филипче рече дека одлучиле да им веруваат на искуствата на Германија и Канада кои ја сопреа вакцинацијата на помлади лица со оваа вакцина.

Германската комисија за вакцини вчера ја препорача оваа вакцина само за лица над 60 години, откако биле регистрирани 31 случај на мозочна тромбоза, за кои се верува дека се случиле по примање на вакцината, а девет случаи од нив завршиле со смрт, сите на возраст од 23 до 63 години. Вакцината на „Астразенека“ ја примиле околу 2,7 милиони Германци.

По вчерашната суспензија, денес германските здравствени власти јавија дека може да се вакцинираат и помлади лица, но по консултација со лекар. Вчера вакцината, од истите причини ја суспендираше и Канада за лицата под 55 години.

Извор: А1 ОН

Next Post

Џафери: Не е постигнат договор за одржување на седници за гласање на Предлог Законот за попис и продолжување на рокот за постоење на кризна состојба

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk