ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележани 70 години од постоењето на Државниот архив – чувар на нашата историја, култура, јазик и традиција

April 1, 2021 13:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот архив е темел на нашиот идентитет, сведок на нашата историја, култура и традиција и несомнено има значајна улога пред се како чувар на нашата колективна меморија и национални вредности. Тој е историско научен храм кој претставува своевиден мост меѓу минатото и иднината, но и чувар на нашата историја и светилник за нашата иднина, порачаа говорниците на свечената академија со чие одржување денеска во Скопје беа одбележани 70 години од основањето на Архивот.  

Премиерот Зоран Заев, кој е покровител на академијата, во обраќањето пред присутните го потенцира значењето на Државниот архив како битна историска, научна и културна инситуција, која е чувар на нашата историја, култура, јазик и традиција, што, како што потенцира, се едни од главните столбови на нашиот национален идентитет.   

-Оваа институција е темел на нашиот идентитет, сведок на нашата историја култура и традиција и несомнено има значајна улога, пред се, како чувар на нашата колективна меморија и национални вредности, рече премиерот Заев.

Државниот архив, потенцира тој, е историско научен храм, кој претставува своевиден мост меѓу минатото и иднината.

-Држaвниот архив е еден од столбовите на нашиот идентитет и наша афирмација на меѓународен план. Обврската кон идните поколенија за безусловно чување на историјата и нашето национално богатство паѓа на плеќите токму на Државниот архив, рече Заев.

Директорот на Државниот архив, Емил Крстевски во своето излагање истакна дека оваа институција во изминатите 70 години се градела како значајна  државна институција и е трезор на оригинални документи, писма, фотографии, и други материјали од познати револуционери, илинденци, просветители и писатели, уметници, општествени дејци, како и документи од најзначајните политичко историски процеси, настани и личности за нашата земја.  

-Во сите изминати години очигледен е постојаниот раст на Државниот архив кој добива свој европски лик со прифаќањето на европските начела и прописи што се однесуваат на архивистиката и кои се вметнати во новиот закон за архивска дејност, како и со спроведувањето на процесот на дигитализацијата на историските документи и материјали, истакна Крстевски додавајќи дека Архивот е чувар на нашето минато нашата историја и светилник за нашата иднина.

Според Крстевски, помнењето е нашата поврзаност, нашиот разум, наша свест и тело и без него сме ништо.

На свечениот собир по повод јубилејот беа промовирани монографијата „Печат на времето-70 години Државен архив (1951-2021)“ во која е презентиран историскиот развој на Државниот архив преку фотографии и документи за најзначајните настани со кои располага Архивот, како и зборникот  „Првите луѓе на Државниот архив (1951-202)“. 

По завршувањето на официјалниот дел од свеченоста, гостите имаа можност да ја погледнат изложбата „Скопската градска општина“ посветена на градоначалниците на Скопје од 1945 година до денес.  

На 20 вработени или пензионирани лица за значаен придонес во работењето на Државниот архив денеска им беа доделени благодарници. 

На свечениот собир, меѓудругите,  присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, архиепископот г.г.Стефан, пратеници, министри, градоначалнци, претставници на дипломатскиот кор, историчари и експерти.

извор: МИА

Next Post

Вандалски уништена фонтаната „Печурка“ во Ново Лисиче, која е во фаза на реконструкција

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk