ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стерјовски и Колефски во посета на Македонците во Церје, бараат отворање премин на албанско- грчката граница

April 1, 2021 13:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски и градоначалникот на општина Пустец, беа во посета на селото Церје, на албанско-грчката граница, каде со жителите е разговарано за проблемите со кои се соочуваат и прашањата кои чекаат итно решавање.

-Ги посетивме жителите на планинското село Церје, општина Пустец, каде за жал поради лошите услови за живот поголемиот број жители се иселени од селото. Во селото останати се мал број повозрасни лица. Посочија повеќе поблеми со кои се соочуваат а ја нагласија неопходноста од отворање на граничниот премин со Грција, изјави за МИА, Стерјовски.

Додава дека отворањето на овој граничен премин ќе овозможи и асфалтирање на патот од Зрноско до селото, ќе го заживее селото Церје и ќе ја развие целата област Преспа и поширокиот регион.

-Во албанското Собрание и од албанските институции, како пратеник, веќе имам побарано отворање на граничниот премин Церје. Заедно со градоначалникот на општина Пустец ќе продолжиме да лобираме за негово профункционирање што ќе донесе посебен развој на општината Пустец, ќе ја зголеми економската соработка помеѓу жителите од двете страни на границата и ќе го зголеми бројот на туристи како во Општина Пустец така и во округот Корча, оценува Стерјовски.

Посочува дека македонската заедница во општина Пустец, со години бара отворање на овој граничен премин, но јавноста се запознала преку неговото обраќање во парламентот.

Албанската Влада, смета тој, е неопходно да разговара со грчката страна и ЕУ за отворање на овој граничен премин и со европски пари да се изгради потребната инфраструктура и да се асфалтира патот од селото Зрноско до Церје.

Посочува дека Европската Унија му дава посебна важност на регионот Преспа, кој се протега во три земји, Албанија, Македонија и Грција и е подготвена да финансира посебен ИПА проект „ЕУ за Преспа“ за развој на регионот на Преспа.

извор: МИА

Next Post

Излезе од печат „Митот алатка во политиката“ на Виктор Габер

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk