ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Граѓански организации: Потребни се јасни обврзувачки цели во законот за климатска акција

April 1, 2021 15:57
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да си го поставиме прашањето зошто некој има потреба од климатски закон. Во основа, законот поставува обврзувачки цели дека климатската неутралност треба да биде обврска до 2050 година. Но, потребни се јасни квантифицирани обврзувачки цели, а тоа фали во Законот за климатска акција. Треба да се одредат одговорностите на релевантните институции и вклученоста на властите. Зошто да нема квантитативна цел во овој закон? Земјата се обидува да го елиминира јагленот, но треба да кажеме кога точно? Вака само се преправаме дека ги решаваме проблемите, а ѓаволот е во деталите, истакнаа денеска учесниците на работилницата на тема „Граѓански видувања на законото и стратегијата за климатска акција“, во рамките на Националната конференција за клима.

Граѓанските организации од областа на климата и екологијата денеска споделија свои мислења и забелешки за законот и стратегијата за климатска акција. Законот се уште не е влезен во формална процедура, а Стратегијата за климатска акција е влезена во постапка и може да се споделуваат забелешки најдоцна до 29 април, на веб-страницата на Министерството за животна средина. Јавна расправа ќе има на 9 април.

– Проблем за нас е дека темата е многу стручна и побарува многу време и ресурси за да се следи и да одговориме на документите. Проблем, според нас е што овие постапки се одвиваа многу забрзано. Има делови од стратегијата кои според нас не се во ред. На пример, механизмите за климатска акција – емисија на стационарни извори, емисија од авијација, останатите сектори не се вклучени. Делот за образование е многу кус, сметаме дека подигнувањето на свеста и истражувањето на развојот треба да бидат темел на овие документи. Во визијата е напишано само дека Македонија до 2050 ќе биде просперитетна нискојаглеродна земја, а со договорот во Софија постигнат со земјите од регионот, јасно се обврзавме на нула емисии до 2050, беше посочено на конференцијата.

Една од забелешките е дека немаме јасни цели во законот и дека нејасна е врската со Парискиот договор, што го ратификувавме.

Јасна Оровчанец-Аранѓеловиќ од Македонското здружение на правници објасни дека кај нас корупцијата е голем проблем во примената на законите, исто како и нееднаквиот третман на луѓето пред законот.

Владимир Стојановски од Шумарскиот факултет ја истакна добрата работа на „Еко-свест“ и ангажманот околу оваа проблематика.

-Кај нас кога се создава нов закон се оди по правилото на 3I – invite, inform, ignore! (Покани, информирај, игнорирај) Но, кога ќе дојде ред за конкретни чекори, ги игнорираме луѓето што имаат нешто да кажат. Шумарството не е спомнато во новиот закон. Доколку сакаме да се фокусираме на оваа област, треба да го издвоиме како посебна гранка. Мораме да сфатиме дека само заедно ќе успееме во ова – вели Стојановски.

Беше отворено и прашањето колку климатските промени се влезени во образовните системи и новите генерации да учат. Тоа е минимално или никакво, се согласија експертите.

Националната конференција за клима се организира со поддршка на Европската Унија, а ја организираат „Еко-свест“, CNVP и Движењето на еколозите на Македонија.

извор: МИА

Next Post

Индустриското производство со пад од 12,2 отсто во февруари

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk