ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Методологијата за пописот е одобрена од Евростат, неодговорно е да се лицитира со бројки и да се политизира процесот

April 1, 2021 21:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Чудна ретокрика имаат партиите од албанската опозиција, особено дека нешто ќе се менува со бројките во иднина. Секој обид да се политизира пописот е неодоговорен, не треба да се лицитира со бројки, таа статистичка операција не смее да политизира. Имавме и дебати кој се треба да се попише, ние имавме став дека треба сите да се попишат без разлика на која територија се. Сепак најаважно е да ти тргнеме калкулациите околу пописот, методологијата беше одобрена од Евростат и овозможува кредибилен и релевантен попис. И сите политички фактори треба да се фокусираме на тоа“- изјави пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма.

Прво, како држава, треба да направиме разлика дали апликантите за македонско државјанство се лица без никакво државјанство, или тоа се лица со странско државјанство, а сакаат и македонско. Значи прво мораме да направиме таква разлика. За да ги стекне правата како државјанин прво мора да ги исполни условите за добивање државјанство. Има и многу стари случаи кои се одамна отворени и ние како пратеници сме должни да најдеме решение. Никој нема да се сложи дека државјанство се стекнува со изјава на тројца сведоци, како што се предлага. Затоа не може да се уценува, и во име на државјанствата да се блокираат законите кои треба да им донесат пари на граѓаните за надминување на кризата, мислам на законите со сетот економски мерки кои треба барем малку да го подобрат животот на сите нас.“- коментираше пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во врска со предлог законските измени на АА и Алтернатива и обидите на пратениците да најдат соодветно решение за овие граѓани.

„Ние не штитиме високи личности кои се корумпирани, тоа е предметот „Рекет“.Не може да се тврди дека за настаните од 27 април имаме  политички затвореници. ВМРО ДПМНЕ се однесува како да немало кривично дело, па тие на 27 април тргнаа да убиваат и како тоа може да биде политички прогон. Јас бев внатре во парламентот и знам што се случи. Кривичниот законик го одреди нивното кривично дело, тие се обидоа да спречат избор на претседателна собранието и потоа да се избере и легитимна влада.“- посочи пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма зборувајќи дека правдата и законот мора да се однесуваат на сите.

 

„Кога се случува напад врз парламентот и атак врз пратеници не може да помине неказнето. Факт дека ВМРО ДПМНЕ не е реформирано е тоа дека дел од тие луѓе кои учевствувале во насилството или спречиле полицијата да делува на 27 април сакаа да ги стават на функција во широката влада, кога јас бев во МВР.“

Next Post

Вечерен преглед: Од денеска кризна состојба на дел од територијата, средства за капитални инвестиции во образованието, СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде вакцинален центар

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk