ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска по повод Денот на Првата пешадиска бригада: Ако Армијата е тело, вие сте неговото срце

April 2, 2021 13:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со интонирање на државната химна и химната на Армијата на Република Северна Македонија, денеска во Касарната Илинден во Скопје почна, свеченоста по повод Денот на Првата пешадиска бригада, на која присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на бригадата, бригаден генерал Бесник Емини.

Министерката за одбрана Шекеринска истакна дека и е чест што присуствува на одбележувањето на Денот на Првата пешадиска бригада.

– Ако Армијата е едно тело, тогаш вие сте срцето, па и ’рбетот, на тој организам. Вие сте јадрото, без кое тој организам не може да постои и не може да ја покаже својата сила и својата виталност. Во тоа најдиректно се уверив и јас и многу мои колеги, и минатата година, кога и ние, како и светот, бевме погодени од пандемијата. Во тие моменти, на пандемијата одговоривме со вонредна, а потоа и со кризна состојба. И единствената и суштинска причина, зошто тие состојби ни беа неопходни, беше за да ве искористиме вас, вашата професионалност и знаењето, искуство и моќта на оваа армија. Бевте секаде каде што државата тоа од вас го побара, потенцира Шекеринска.

Таа подвлече дека војниците прво заминале во Дебар, каде им помогнаа на граѓаните, кои први се соочија со злото наречено коронавирус. Потоа биле присутни во болниците и околу нив, каде што поставувале шатори, дезинфицирале јавни површини.

– Несебично им помагавте и им помагате на своите колеги и во здравството и во полицијата. Бевте и сте на границите. Спречивте, само во минатата година, 1400 обиди за илегално поминување на границата. Затоа, вчера Владата повторно донесе одлука со која се прогласува кризна состојба на нашата јужна и северна граница. Не заради друго, туку за да вие можете да го покажете своето, за да продолжите со одличната работа и за да ние можеме да живееме без грижа што се случува на и околу нашите граници. Со околу 300 интервенции во граничниот регион кај Гевгелија ја заштитивте и ја одржавте функционална безбедносната ограда. Ја браневте својата татковина и своите граѓани, истакна министерката за одбрана, додавајќи дека нема поголема гордост од тоа да сториш нешто за својата држава и за граѓаните, порача министерката.

Таа се осврна и на тоа дека улогата на Првата пешадиска бригада е клучна и за нашето членство во НАТО, потенцирајќи дека баталјонот се обучува според највисоките стандарди. Шекеринска спомне дека од оваа бригада се препознатливи и во разните НАТО мировни операции, од Авганистан, па и претходно во Ирак.

-Вие сте нашите воени амбасадори  и први претставници, подвлече Шекеринска.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски им оддаде јавно признание на припадниците на Првата пешадиска бргигада за нивниот квалитет, професионализам и резултати во извршувањето на секојдневните работни задачи.

-Граѓаните, државното раководство и Генералштабот ги препознаваат резултатите и патриотизмот во извршувањето на задолженијата на дневна основа. Од денеска продолжуваме со асистенција на Министерството за внатрешни работи во справување со кризата со мигранти на јужната и северната граница. Продолжуваме со нашата поддршка на минисетрствата за справување со пандемијата, како и со нашите трансформациски процеси кои се спроведуваат и во овој момент. Очекувам успешно завршување на процесот на трансформација во периодот кој следи и наредната година на денот на одбележување на Првата пешадиска бригада тој процес да биде завршен, рече началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На свеченоста беа доделени парични награди и благодарници на воени и цивилни лица за вложениот труд во Армијата.

извор: МИА

Next Post

Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk