ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати

April 2, 2021 13:29
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вградени филтри во Пејпар Мил 

Пејпар Мил до Инспекторатот достави информација за набавка и инсталирање на нов филтер и план за мерење на емисиите во воздухот што ќе се вршат во период од две недели, додека да се изврши штелување и прилагодување на процесот на пробна работа со филтерот.
Со новиот вреќаст филтер емисиите на прашина би требало да се спуштат под 50mg/m3, односно да бидат три пати пониски од вредностите што во моментот се пропишани со А интегрираната еколошка дозвола. Од Пејпар Мил беа доставени и предлози за акредитирани лаборатории што ќе ги вршат мерењата во текот на пробната работа, а со цел постигнување на вредностите од 50mg/m3.

Инспекторатот ангажираше вештак за проверка на нивните акредитации и ги утврди методите што ќе мора да се користат при мерењата на загадувачките материи, заради добивање меродавни резултати. Пејпар Мил ќе треба од Министерството за животна средина и просторно планирање да побара и добие измена на А интегрираната еколошка дозвола за да се ажурираат направените технолошки промени и да се намалат граничните вредности од 150mg/m3 на 50mg/m3.

Вградени филтри во асфалтната база Кооп Инжинеринг во Куманово

Aсфалтната база Кооп Инжинеринг во Куманово, која пред две недели доби забрана за работа, вгради филтер и ги постигна граничните вредности, со што продолжи со работа.

Изведени докази за концесијата во Средно Коњаре

Во врска со концесијата за ископ на песок и чакал во Средно Коњари, а по добиено мислење од Управата за хидрометеоролошки работи, Државниот инспекторат за животна средина нарача Геодетски елаборат со цел проверка на усогласеноста со ставовите 1 и 2 на член 6 од Договорот за концесија. Геодетските мерења кои беа неколку пати спречувани од страна на концесионерот, конечно се реализираа со полициска асистенција.

Одредбите на членот 6 од Договорот за концесија се следните:

“експлоатацијата на минералната суровина треба да се врши надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираните водотеци”

“кога при вршењето на експлоатација на минералната суровина и други активности на ископување на земјиштето ќе се случи излевање на подземни води, веднаш да се прекине со активностите и да се извести Министерството за животна средина и просторно планирање”

Геодетскиот елаборат ги дава следните заклучоци:

концесиското поле во голем дел влегува во максималниот опфат на плавни површини при појава на големи води со веројатност на појава од 50 години, што е спротивно на член 6 став 2 од Договорот за концесија,

снимени се точки на терен кои претставуваат обиколка на водна површина и утврдено е дека на одреден дел езерцето излегува од границите на концесиското поле”;

Во однос на копање под нивото на подземните води, со геодетското мерење не биле прибавени докази заради нестабилност на теренот, но добиено е Мислење од Геолошкиот со кое се утврдува дека: “Котата на подземна вода варира во текот на годината во зависност од временските услови. Постои веројатност водата што ги исполнува ископите да е поврзана со подземната вода”.

За неправилностите утврдени со Геодетскиот елаборат и другите документи прибавени во текот на постапката во понеделник ќе биде известено Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за техничка инспекција.

Next Post

Филипче: Се соочуваме со пикот, нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk