Денешниот протест за случајот „Монструм“ заврши мирно и без никакви инциденти.
Започна со собирање во паркот во Чаир, од каде се упатија кон Владата. Демонстрантите завршија пред зградата на Владата каде имаше блокада и полициско обезбедување.
Репортерот од Фронтлајн јавува дека се работи за стотина демонстранти, кои мирно и без инциденти, со извикување на слогани и со говори на албански јазик протестираа пред Владата.
За разлика од денеска, на протестот пред неколку недели, демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит Пазар, при што беше нападната новинарска екипа, а повредени беа единаесет полицајаци. Имаше уапсени демонстранти а десетина беа обвинети за учество во толпа.
Ј. Ѓ.
Видео и фото: Огнен Бошњаковски
Монтажа: Ариан Мехмети







