На денешниот протест за Монструм, кој помина без инциденти и во мирна атмсфера се побара нов судски процес за обвинетите во случајот и нивно ослободување, како и на лицата кои беа приведени, а дел и осудени, поради насилно однесување на протестот што се одржа на 26 февруари.
Протестот започна од паркот во Чаир, од каде демонстраните се упатија по улицата „Цветан Димов“ кон Битпазар и потоа по булеварот „Гоце Делчев“ кон седиштето на Владата.

Движејќи се по скопските улици демонстрантите, меѓу другото, скандираа: „Без правда, нема мир“, „Нашите браќа неправедно лежат во затвор“, „Али предавник“ и „Ние сме автохтони“.

Ова е втор протест откако Судот ги објави пресудите за петмината обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.
Фотографии: Огнен Бошњаковски







