„Треба ние да го решиме проблемот со Бугарија, ЕУ и САД се тука да ни помогнат, договорот со Бугарија го постигнавме билатерално, договорот со Грција билатерално, затоа мораме самите. Ние ги исполнивме сите критериуми, сите услови, ние сме единствената причина да продолжи проширувањето на ЕУ во регионот. ЕУ требаше да смогне сили за ова прашање, ние дел од договорот со Бугарија го исполнивме, дел од обврските ги исполнивме и ќе продолжиме да го исполнуваме, но тоа е независно од преговорите за наше членство. “- изјави премиерот Зоран Заев, во „Само вистина“ на Канал 5.
Дополни дека многу од прашањата ќе мора да ги решат историчарите, но нагласи дека е важно каква историја ќе напишат сегашните политичари.
„Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се преговара никаде во свет. Тоа го сфати Алексис Ципрас, тоа е чувство. Драго ми е што Бугарија ја прифаќа реалноста за јазикот и идентитетот, е сега викаат корењата, но ние сакаме тие прашања да ги оставиме на историчарите, но тоа да не биде пречка за иднината. Што правиме со историјата сега што ја пишуваме јас и Борисов? Дали ние ќе напишеме убава или грозна историја?“- потенцираше Заев.





