ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Заев за годишнината од посетата на Ципрас: Договорот од Преспа дополнително ги заштити нашиот македонски идентитет, култура и посебноста на македонскиот јазик

April 2, 2021 22:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Благодарение на заедничкиот дипломатски подвиг, на денешен ден во 2019 година во историска посета на Република Северна Македонија  дојде Алексис Ципрас, како прв премиер од Грција  кој ја посетил државата. Со потпишувањето на Договорот од Преспа ги премостивме речиси тридецениските разлики како два соседа и ставивме крај на тензиите меѓу нашите земји и воспоставивме ново стратешко партнерство, објави вечерва на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Тој потенцира дека со оваа историска спогодба коренито се промени перспективата на евроатлантските интеграции на Северна Македонија и од патник на слеп колосек денес нашата држава е полноправна членка на НАТО и посакуван партнер во Европската Унија.

-Како дел од семејството на НАТО, Северна Македонија ги споделува демократските вредности и начелата на солидарност со останатите членки, а Грција се грижи за безбедноста на нашето небо, напиша Заев.

Потенцира дека Договорот од Преспа во правни рамки дополнително го заштити нашиот македонски идентитет и култура, како и посебноста на македонскиот јазик, којшто е темел на нашата самобитноста и автохтоноста на нацијата.

-Духот на Преспанскиот договор втемелен на взаемно почитување и соработка е препознаен како позитивен пример во меѓународната јавност, за што говорат бројните конференции, анализи и истражувања, како и престижни меѓународни награди кои во изминатиот период ни беа доделени мене и на поранешниот премиер Ципрас, истакна премиерот Заев во својата објава на Фејсбук.




 

Next Post

Пратениците изгласаа одложување на пописот за во септември и измени и дополнувања на Изборниот законик

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk